Веракруз
Веракруз (шпански: Estado de Veracruz de Ignacio de la Llave) е сојузна држава во Мексико. Се наоѓа на западниот брег на Мексиканскиот залив. Има површина од 71,699 km² и брои околу 7,3 милиони жители.
Јужниот дел од Веракруз од 1200 година п. н. е. до 400 година п. н. е. припаѓал на културното подрачје на цивилизацијата Олмеци. Центри на оваа култура биле во местата Сан Лоренцо и Трес Запотес. Од 300 до 900 година од новата ера, централниот дел од данешната територија на Веракруз бил под влијание на Теотиуаканите, но се разликувал со посебно писмо. Од ова доба потекнува „пирамиди со ниши“ од Ел Таин. Последната пред-хиспанска цивилизација на територијата на сегашен Веракруз биле Толтеците и дел од Астеците.
Во прилог на овие групи се уште е присутно и индијанското население, поради отвореноста на државата Веракруз кон Карибите, ова е единствената мексиканска сојузна држава со значителен број на африканско население.
Главен, но не и најголем град е крајбрежниот град Веракуруз. Најголем град во оваа сојузна држава е градот со пријата клима, Халапа.
Најважна земјоделска активност во Веракруз е експлоатацијата на нафта. Традиционални извозни производи се: кафе, гума, какао, ванила и памук.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Веракруз“ |
- Официјален веб портал (шпански)
- Туризам во Веракруз (шпански)
Посебен статус: Федерален дистрикт град Мексико

