Вента

Координати: 56°12′N 22°42′E / 56.200° СГШ; 22.700° ИГД / 56.200; 22.700
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вента
Град
Поглед на Вента
Грб на Вента
Вента is located in Литванија
Вента
Вента
Местоположба на градот Вента
Координати: 56°12′N 22°42′E / 56.200° СГШ; 22.700° ИГД / 56.200; 22.700
Држава Литванија
Етнографска областЖемајтија
ОкругШјауљајски округ
ОпштинаАкменски округ
Население (2001)
 • Вкупно3,412
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Вента (литвански: Venta) — мал град во Литванија во Акменскиот округ. Според податоци од 2005 година, во градот живееле 3.221 жител. Се наоѓа на истоимената река, како и на автопатот Куршенај-Мажеикијај и железницата која го поврзува Мажеикијај со Шјауљаи (железничката станица е наречена Акмене). Со ова, градот Вента има подобра местоположба отколку Наујоји Акмене, главниот град на округот.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот доживеал раст по Втората светска војна заедно со фабриката за вар, која подоцна произведувала тули. Во нрјзиниот врв работеле околу 1000 луѓе. Градот бил создаден кога селата Баускас и Пурвијај се приклучиле во 1966 година. По прогласувањето на независноста во 1990 година, фабриката имала сериозни финансиски потешкотии, кога се нашла на отворениот пазар. Била поделена на посебни претпријатија. Некои од нив банкротирале и нивните градби биле уништени; други биле приватизирани. Во 1999 година, претпријатието „Наујасис калцитас“, единствен произведувач на вар во Литванија, кој го снабдува половина од домашниот пазар, ја купил и ја обновил фабриката. Недална била изградена топлана која користи гас за обезбедување топлинска енергија на градот.

Култура[уреди | уреди извор]

Средното училиште во Вента
Музичкото школо во Вента

Градот има средно училиште (основано 1907 г.) кое започнало со околу 20 студенти. Студиите траеле 4 години и започнувало во ноември, кога сите полски работи биле завршени. Наставата била одржувана на руски. Во 1940 година, кога бројот на ученици се зголемил на 40, училиштето се префрлило во нова зграда и била преименувано. Зградата припаѓала на железничкото претпријатие и не била погодна за училиште, но војната ја спречила обновата. Во 1949 година, бројот на ученици достигнал 120 и училиштето било реорганизирано во седумгодишно. Железничката зграда била премала и училиштето било присилено да изнајми уште две други згради на 1 километар оддалеченост. Во 1953/1954, училиштето повторно станало средно училиште. Во 1960 година била отворена пространа нова градба. Во тоа време, училиштето имало 330 ученици и околу 20 наставници. Во 1972 година биле изградени спортска сала и 14 нови училници. Училиштето моментално има околу 50 наставници.

Во 1961 година била основана јавна библиотека. Започнала со 6.150 книги и во 2000 година имала 18.000 единици. Во 1996 година ја добила втората награда на натпревар организиран од Отворено општество Литванија. Јуозас Милтинис (1907–1994) е роден во Вента.

Музика[уреди | уреди извор]

Музичкото школо во Вента има литванско музички ансамбл „Вентукај“. Негови членови се главно локални младинци од 9 до 20 години. Во 2004 година станале познати откако се појавиле на натпревар на телевизија. Критиката не очекувала дека ќе успеат, но стигнале до финалето и го освоиле натпреварот. Добиле 275.000 литаси. Подоцна, го објавиле своето прво цеде со 16 песни.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]