Венец
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Под поимот венец се подразбира невестински или олимписки украс за на глава, изработен од цвеќе, лоза, здравец, босилек, бршлен, шимшир или од некое друго зимзелено растение. Се одликувал со магиска заштитна функција. Венец исто така може да биде обесен на врата како украс.
Во некои македонски пределски целини како Скопска Црна Гора и Бојмија се одликува со посложена структура, украсен со метален накит (тепелак, тепелачиња и пиришани) врз основа направена од кора од црешово дрво во форма на цилиндар и покриен со бела марама со реси, така што има форма на капа.
[уреди] Видете исто
[уреди] Извор
„Македонска Енциклопедија“. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 264. ISBN 978-608-203-023-4.
