Величествениот султан (ТВ серија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Muhteşem Yüzyıl
Величествениот султан
Величествениот-плакат
Формат Историски драма филм
Напишана од Мерал Окај
Режирана од Јагмур Тајлан
Настапуваат Халит Ергенч
Нур Фетахоглу
Небахат Чехре
Окан Јалаб'к
Мерјем Узерл
Филиз Ахмет
Мехмет Гунсур
Бурак Озчивит
Земја на потекло Турција
Јазик турски
Број на сезони 2
Број на епизоди 59
Продукција
Продуцент(и) Tims Production
Локаци(ја/и) Истанбул, Едирне, Мармарис
Времетраење ~90 мин.
Емитување
Канал на емитување

Канал 5

17 декември 2011-се уште трае
Период на прикажување 5 февруари 2011

Величествениот султан (турски: Muhteşem Yüzyıl ; буквалниот превод на македонски е Величествениот век), или едноставно Величествениот, е турска историска телевизиска серија од 2011 година, која прв пат се емитуваше на турската телевизија Show TV. Филмот е базиран на животот на Сулејман Први, султанот со најдолгото владеење во Отоманската империја и Александра ла Роса, ќерката на украински православен свештеник која станува кралица .[1] Серијата предизвика бунење од многу турски гледачи поради нивното тврдење дека „султанот е прикажан под погрешно светло“[2]. Турската владина организација RTÜK (Radyo ve Televizyon Üst Kurulu) доби над 70.000 побуни кои бараа јавно да се извини телевизијата Show TV за серијата[1]. Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган ја опиша серијата како „обид да се прикаже турската историја во негативно светло на младите генерации“. Мали групи на турски националисти и исламисти протестираа, но, сепак, гледаноста на серијата остана многу голема.

Дејствие[уреди]

На возраст од 26 години почнува владеењето на Сулејман, тој имаше желба и стремеж да направи империја помоќна и поголема од онаа на Александар III Македонски и да ги направи Отоманците непобедливи. Во текот на неговото 46-годишно владеење, Султан Сулејман се прославува како најголем воин и владетел на Исток и Запад. Кога младиот Сулејман доаѓа на тронот, по неговото крунисување на една ловечка забава во 1520 година, не ни сонува дека ќе стане еден од најголемите владетели во историјата. Во палатата во Маниса останува неговата жена Махидевран и неговиот син, младиот принц Мустафа, а тој со неговиот близок пријател и побратим, Ибрахим, се упатува кон палатата Топкапи во Истанбул. Во меѓувреме, еден отомански брод испловува кон Крим во Црно Море, да донесе робинки како подарок за Отоманската Палата. На бродот се наоѓа и Александра ла Роса, ќерка на украински православен свештеник. Младата девојка, која е грабната од нејзината фамилија и продадена на Кримската палата, подоцна станува Хурем, жена на султанот Сулејман; и му раѓа принцови кои заедно со него треба владеат со Империјата, со помош на многубројни завери и крвопролевања. Телевизиската серија се фокусира на љубовта меѓу членовите на Отоманскиот кралски двор.

Улоги[уреди]

Актер: Улога
Халит Ергенч Сулејман Величествениот
Меријем Узерлин Рокселана,Хасеки Хурем Султан
Нур Фетахоглу Махидевран (Ѓулбахар)Султан
Небахат Чехре Ајше Хафса Султан (Величествената - Valide Sultan)
Окан Јалабак Паргали Ибрахим-паша
Селма Ергеч Хатиџе Султан
Филиз Ахмет Нигар-калфа
Алп Екен Папа Климент VII
Сема Кечик Даје-хатун
Нихан Бујукагач Гулшах
Селим Бајрактар Зумбул-ага
Бурџу Туна Гулнихал / Марија
Селен Озтурк Гулфем
Садет Аксој Садика / Викторија
Фатих Ал Сезнајко Насух Ефенди
Мехмет Гунсур принцот Мустафа (голем)
Бурак Узчивит Бали-бег Малкочоглу
Бергузар Корел Моника Тереса
Сабина Ајрула Тозија Афифе Хатун

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Fowler, Suzanne. „Magnificent Century divides Turkish TV viewers over the life of Suleiman“, The Observer, 20 март 2011 (конс. 20 март 2011).
  2. Muhtesem Yuzyil “Magnificent Century” takes Turkey by storm“, Istanbul View (конс. 20 март 2011).

Надворешни линкови[уреди]