Веб 2.0
Од Википедија
Веб 2.0 (англиски: Web 2.0) е фраза составена од О’Рајли Медија во 2004 година[1], а се однесува на перцепираните или предложените услуги базирани на интернет од втора генерација, како што се веб-сајтовите за социјално вмрежување, вики-апликации, алатки за комуникација и фолксономии, со кои се нагласува соработката преку интернет и споделувањето информации помеѓу корисниците. О‘Рајли Медија и Медија лајв интернешнл ја користеа фразата како наслов за серија конференции, по што некои техничари и луѓе од маркетингот ја имаа усвоено. Нејзиното значење не е точно определено, а некои експерти, како Тим Бернерс Ли, го имаат поставено прашањето дали терминот воопшто има значење[2].
Последната компактна дефиниција на Веб 2.0, според Тим О’Рајли, гласи:
«Веб 2.0 е деловна револуција во компјутерската индустрија, предизвикана од придвижувањето кон интернет како платформа, и претставува обид да се разберат правилата за успех на оваа нова платформа. Главно правило во оваа област е: гради апликации кои ги користат ефектите од вмрежувањето за да станат подобри, па за да ги користат повеќе луѓе. (Ова на друго место го имам наречено „користење на колективната интелигенција“.)»[3].
Концептот Веб 2.0 започна со сесија помегу О’Рајли и МедиаЛајв Интернешнл. Дејл Доџерти веб поинер и О’Рајли, увидоа дека вебот воопшто не се уништи, туку стана повеќе важен од било кога, со нови апликации и сајтови. Компаниите кои го преживееја колапсот имаат нешто заедничко. Дали колапсот на дот-компаниите означи некаков нов почеток за вебот? Така беше родена идејата за Веб 2.0.[4] Зголемувањето на оутсорсинг и веб услуги не е ништо друго туку почетокот на Веб 2.0 , според Скот Диетзен, каде Вебот станува универзална, базирана на стандарди, интегрирана платформа. Веб 1.0 е коренот на компаниската инфраструктура. [5]
Содржина |
[уреди] Карактеристики
Веб страните направени според Веб 2.0, се градат врз инфраструктурата на Веб 1.0 овозможувајќи мрежа врз платформа и дозволувајќи корисниците да употребуваат апликации преку бролзерот. Корисниците можат да ја поседуваат содржината на веб страната или да ја контролираат. Овие веб страни имаат архитектура на партиципација која ги охрабрува корисниците да додаваат вредност на апликацијата како што ја користат. Ова е различно од традиционалните веб страни, кои ги ограничуваат посетителите само на разгледување на веб страната, и кои може да ги менува само нивниот сопственик. Веб 2.0 сајтовите понудуваат богат, пријателски интерфејс базиран на Ajax и слични клиент рамки или на други апликациони клиент- сервер рамки.[6] Други атрибути на Веб 2.0 се: богато корисничко искуство, корисничка партиципација, динамичка содржина, метадата, веб стандарди и скалабилност.[7]
| Веб 1.0 | Веб 2.0 |
|---|---|
| DoubleClick | Google AdSense |
| Ofoto | Flickr |
| Akamai | BitTorrent |
| mp3.com | Napster |
| Britannica Online | Wikipedia |
| лични веб страни | блогирање |
| evite | upcoming.org and EVDB |
| шпекулирање на доменот | оптимизација на пребарувач |
| посетеност на страна | цена по кликнување |
| screen scraping | веб услуги |
| објавување | партиципација |
| content management systems | wikis |
| directories (taxonomy) | tagging (folksonomy) |
| stickiness | синдикација |
[уреди] Ajax
Во основа, тоа што под Ajax се мисли е сега JavaScript функционира. А тоа значи дека веб апликациите сега можат да работат како десктоп апликации. Во овој момент, цела нова генерација на софтвер е пишувана за да го искористи Ajax. Ajax бумот не настана до 2005 кога се појавија Гугл мапи.[9]
[уреди] Демократија
Вториот голем елемент на Веб 2.0 е демократијата. Сега имаме повеќе примери со кои може да докажеме дека аматерите можат да ги надминат професионалците, кога имаат систем кој ги подржува. Wikipedia е можеби најпознатата. Критичарите и даваат средни оценки, но можеби го одбегнуваат најважното: таа е доволно добра. И бесплатна е, што значи дека многу луѓе ја читаат. Дури и почетниците се различни овој пат. За време на бубачката, почетник значеше компанија водена од МБА кој користеше милиони долари инвеститорски пари да се развие брзо. Сега почетник е мала, млада, техничка група, која сака да направи нешто важно, а потоа ќе одлучи дали сака да користи пари од инвеститорите.[10]
[уреди] Нема малтретирање на корисниците
Вкупниот дизајн на просечен сајт во 90тите беше навредлив. Многу од најпопуларните сајтови беа лоадирани со големи реклами поради кои тешко се лоадираа. Притоа беше пратена пораката — ова е наш сајт, не ваш. Коренот на проблемот беше што сајтовите сметаа дека даваат нешто бесплатно. Понекогаш доагаше до точка на економски садизам: сопствениците на сајтови претпоставуваа дека колки повеќе болка му нанесуваат на корисникот, толку повеќе ќе имаат корист.[11]
[уреди] Технолошки преглед
Комплексната и постојано еволуирачката технолошка инфраструктура на Веб 2.0 содржи сервер-софтвер, синдикација на содржината, протоколи за праќање пораки, стандардни бролзери и клиент апликации. Различните но комплементарни приоди на таквите елементи им овозможуваат на Веб 2.0 сајтовите складирање на информации, креирање и десеминациони предизвици и можности кои ги нема Веб 1.0.
[уреди] Употреба
[уреди] Влада
Веб 2.0 сајтови како Твитер, Јутуб и Фејсбук, овозможија да се направи корисен начин за граѓаните да се поврзат со високите институции, нешто што порано не беше возможно. Директната интеракција со државните органи ја заменува застарената еднострана комуникација со еволвирани јавни интерактивни методи.
[уреди] Високо образование
Универзитетите ја користат Веб 2.0 технологијата за да и се доближат до генерација ипсилон. Примери за ова се социјалните сајтови, обновување на сајтовите на институциите и виртуелните образовни рамки како Мудл кој им дозволува на студентите да се логираат и да поставуваат прашања. Додатно на социјалните бесплатни сајтови, некои училишта создаваат системи кои се слични на нив, но исто така се поврзани со датабаза на училиштето.
[уреди] Јавна дипломатија
Веб 2.0 иницијатива си има поставено Израелската влада. Земјата е прва која има сопствен официјален блог[12] , МајСпејс страна [13], ЈуТуб канал[14] и Фејсбук страна[15] .
[уреди] Социјални работи
Социјалните работници ја употребуваат Веб 2.0 технологијата за клиничка пракса, организирање на средината, административни работи и функции.
[уреди] Веб базирани апликации
Ајакс помогна да се изградат веб страни кои се слични со апликации за пишување, слајд презентација и слично. Неколку бролзер- базирани оперативни системи се појавија, кои се однесуваат како апликациони платформи, нудејќи карактеристики како нормалните апликации на персонален компјутер, вклучувајќи ја можноста да се уклучат преку бролзер.
[уреди] Интернет апликации
Подржувачите на Веб 2.0 ја гледаат синдикацијата на содржината на Веб 2.0 како карактеристика на Веб 2.0, бидејќи се однесува врз основа на стандардни протоколи, кои им дозволуваат на крајните корисници да ја користат содржината на сајтот во друг контекст (друг веб сајт, плаг-ин за бролзер, или десктоп апликација). Протоколи кои подржуваат синдикација се РСС, РДФ, Атом, сите ХМЛ формати.
[уреди] Економска страна на Веб 2.0
Веб 2.0 компаниите изгледаат како да ја издржуваат финансиската криза. Со инвестициони банки кои пропагаат и цените на храната да се покачуваат, економските предвидувања ставаат темен облак врз компјутерската индустрија. Сепак технолошки компании како Apple, Google, и Amazon покажуваат здрави приходи, и покрај очекуваното намалувње на рекламирањето, новите дигитални мрежи изгледаат добро.[16]
Критиките за Веб 2.0 се дека не претставува нова верзија на вебот туку само ги продолжува технологиите и концептите на Веб 1.0. Технологиите како Ајакс не ги заменуваат постоечките протоколи, туку само додаваат нов слој врз нив. Многу од идеите на Веб 2.0 веќе се имплементирани во некој мрежни ситеми. Амазон, на пример, им дозволува на корисниците да пишуваат критики и кориснички водичи од неговото лансирање во 1995 година.
Во едно интервју, Тим Бернерс Ли го опиша поимот Веб 2.0 како жаргон.
Никој вистински не знае што означува…Ако Веб 2.0 за тебе се блогови и викии, тогаш тоа е помеѓу луѓето. Но, и Вебот беше измислен токму затоа.
Други критики го вклучуваат терминот Втората бубачка (споредувајќи ја со таа во 2001 година) предложувајќи дека многу Веб 2.0 компании се обидуваат да го изработат истиот продукт во недостиг од бизнис модели. Исто така критичарите го цитираат јазикот на кој е напишан Веб 2.0 како Техно-утописка реторика.[17] Веб 2.0 не е првиот пример на комуникација којсоздава лажена надуена вредност на технологијата и нејзиното влијание врз културата.
[уреди] Трговска марка
Во ноември 2004 година, ЦМП медија аплицираше за трговска марка под името Веб 2.0 во Ирска. Сепак сѐ уште не е регистрирана во ЕУ.
[уреди] Референци
- ↑ Paul Graham (November 2005). „Web 2.0“. http://www.paulgraham.com/web20.html. Пребарано на 2006-08-02.
- ↑ Nate Anderson (2006-09-01). „Tim Berners-Lee on Web 2.0: "nobody even knows what it means"“. http://arstechnica.com/news.ars/post/20060901-7650.html. Пребарано на 2006-09-05.
- ↑ Tim O'Reilly (2006-12-10). „Web 2.0 Compact Definition: Trying Again“. http://radar.oreilly.com/archives/2006/12/web_20_compact.html. Пребарано на 2007-1-20.
- ↑ http://www.oreillynet.com/pub/a/oreilly/tim/news/2005/09/30/what-is-web-20.html
- ↑ Eric Knorr (2003-12-15). «CIO special issue: Fast Forward 2010: The Fate of IT, article: 2004 — The Year of Web Services». [1]
- ↑ Dion Hinchcliffe (2006-04-02). The State of Web 2.0. Web Services Journal. [2]
- ↑ Lecture Web Information Systems. Techni sche Universiteit Eindhoven [3]
- ↑ What is Web 2.0 [4]
- ↑ Web 2.0 Ajax[5]
- ↑ Web 2.0 Democracy[6]
- ↑ Web 2.0 Don’t Maltreat Users[7]
- ↑ Israel Video Blog aims to show the world 'the beautiful face of real Israel'
- ↑ Israel seeks friends through MySpace page
- ↑ Israel uses YouTube, Twitter to share its point of view
- ↑ Israel’s New York Consulate launches Facebook page
- ↑ Web 2.0 economy hangs in a limbo [8]
- ↑ Critical Perspectives on Web 2.0, Special issue of First Monday, 13(3), 2008.". [9].