Интернет-стрип
Интернет-стрип или веб-стрип (англиски: webcomic) е стрип кој е достапни преку интернет, најчесто без да има и печатено издание. Оние стрипови кои имаат печатено издание најчесто одржуваат и архива на интернет, од комерцијални или уметнички причини. Благодарение на лесниот пристап до публиката што го обезбедува интернет, интернет-стриповите ги има во најразлични форми, од традиционалните новински стрипови во ремени (каиши), преку графички новели, до сосем нови форми во кои е искомбинирана мултимедија и интерактивност.
Интернет-стриповите се слични на печатените стрипови во самиздат по тоа што скоро секој може да создаде свој интернет-стрип и да го објави на интернет. Во моментов постојат околу 70.000 интернет-стрипови[1]. Квалитетот на повеќето од нив е невоедначен и на аматерско ниво, со спорадично ажурирање, но некои од нив имаат постигнато комерцијален успех, широка популарност публиката или углед кај критиката.
[уреди] Надворешни врски
- Веб–стрипови: нов ветар во старите едра напис од Филип Стојановски објавен во Неделно време и на блогот Развигор ;-)
[уреди] Наводи
- ↑ „thewebcomiclist.com“. http://www.thewebcomiclist.com. проверено на 2006-09-17.