Вајсенфелс
| Вајсенфелс | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија-Анхалт |
| Округ | Бургенландкрајс |
| Градоначалник | Роби Риш |
| Основни податоци | |
| Површина | 114 km2 (44 sq mi) |
| Надм. височина | 100 m (328 ft) |
| Население | 33.436 (31 декември 2008) |
| - Густина | 293 /km2 (760 /sq mi) |
| Други информации | |
| Часовна зона | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | BLK |
| Пошт. бр. | 06667 |
| Повик. бр. | 03443 |
| Мреж. место | www.weissenfels.de |
| Местоположбата на град Вајсенфелс во рамките на округот Бургенландкрајс | |
Вајсенфелс (германски: Weißenfels) е најголемиот град во округот Бургенландкрајс, во јужниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Зале, приближно 30 километри јужно од Хале.
Содржина |
[уреди] Историја
Населбата се појавија околу замокот на преминот на Зале и ги добила општинските права во 1185. Во текот на Триесетгодишната војна, градот бил сериозно оштетен и населението се намалило значително, од 2200 на 960. На 7 ноември 1632, телото на кралот Густаф II Адолф од Шведска, најпрвин било доведено во Вајсенфелс, откако бил убиен еден ден претходно во борбата кај Лицен.
Набргу потоа, сепак градот доживеал значаен пораст, кога војводата Августус, потомок од саксонската династија Ветин, го основал војводството Саксонија-Вајсенфелс во 1656 и го одбрал Вајсенфелс како негова резиденција. Од 1638 Августус служел како протестантски администратор на магдебуршката надбискупија, која, според Вестфалскиот мир од 1648 требало да биде конечно секуларизирано кон Бранденбург-Прусија по неговата смрт.
Августус од 1660 го подигнал барокниот замок Ној-Августусбург во Вајсенфелс како седиште на војводските наследници. Завршен во 1680, станал војводски административен како и културен центар, сè до нејзиното распуштање во 1746. Композитори како Јохан Филип Кригер и Георг Филип Телеман работеле овде, актерката Фридерике Каролина Нојбер го имала својот прв настап во Вајсенфелс. Во 1713 Јохан Себастијан Бах ја посветил неговата кантата Was mir behagt, ist nur die muntre Jagd, BWV 208 на војводата Христијан од Саксонија-Вајсенфелс.
Лутеранскиот теолог Ердман Нојмајстер од 1704 работел како ѓакон во капелата Св. Троица во замокот. Нејзините оргули ги завршил во 1673 и имаат 22 краја. Според Џон Мајнваринг, војводата Јохан Адолф I од Саксонија-Вајсенфелс самиот го открил музичкиот талент на Георг Фридрих Хендл, кога го чул синот на неговиот лекар Георг Хендл свирејќи на оргули. Бах ја напишал Toccata and Fugue in F major (BWV 540) за тоа.
Со изумирањето на линијата Ветин во 1746, градот паднал повторно под саксонскиот електорат и по виенскиот конгрес во 1815 на пруската провинција Саксонија. Од 1816 бил главен град на округот Вајсенфелс, сè до неговото распуштање во 2007.
[уреди] Население
Развојот на градското население (од 1960 на 31 декември):
|
|
|
- Извори од 1990: Статистички уред на Саксонија-Анхалт
1: 29 октомври
2: 31 август
3: 3 октомври
[уреди] Припојувања
Од административната реформа на 1 јануари 2010, Вајсенфелс, исто така ги доби поранешните општини Лангендорф, Марквербен и Ујхтериц. На 1 септември 2010, поранешните општини Бургвербен, Гроскорбета, Лајслинг, Рајхардтсвербен, Шкортлебен, Шторкау, Тагевербен и Венгелсдорф се приклучија кон градот.
[уреди] Политика
Местата во градскиот совет (Stadtrat), од изборите во 2009:
- Христијанско-демократска унија (ЦДУ): 13
- Левица: 8
- Граѓани за Вајсенфелс: 6
- Социјалдемократска партија на Германија (СПД): 5
- Слободна демократска партија (ФДП) / Слободни гласачи: 3
- Национална демократска партија на Германија (НПД): 1
[уреди] Економија
Од 19-от век со индустрализацијата, чевларската индустрија била примарната индустрија на Вајсенфелс. Тоа траело сè до 1991, кога и последната фабрика била затворена. Оттогаш, прехранбената индустрија се развила значајно. Главни компании се:
- Фришли за млеко
- Тенис Флајшверк, европската трета најголема групација за месо, во Вајсенфелс работи една од трите преработувачки фабрики
- Мителдојче Ерфришунгсгетренке, третиот најголем производител за минерална вода во Германија го има седиштетот во Вајсенфелс. Неговите брендови се Лајслингер Минералвасер и Саскиа-Квеле.
Градот има пристап до A9 на раскрсницата Вајсенфелс, во близина на пресретнувањето со A38. Станицата во Вајсенфелс е на пат на тириншката железничка линија од Хале до Бебра.
[уреди] Спортови
Кошарка и Унихокеј се двата најпопуларни спорта во градот. КК Мителдојчер [1] (MBC) играл во германската национална кошаркарска лига помеѓу 1999 и 2004 и влегол повторно во лигата во 2009. Унихокеј клубот Крајсшпаркасе Вајсенфелс го освоил германското првенство во унихокеј седумпати, од 2003 до 2009. Европскиот куп во унихокеј, организиран секоја година со цел да се прогласи најдобриот тим во Европа, бил одржан во Вајсенфелс и соседните градови Хоенмелзен и Мерзебург во јануари 2004.
[уреди] Познати граѓани
- Јоаким Вилхелм фон Браве (1738–1758), драматург
- Конрад Даненберг (1912–2009), ракетен научник
- Херман Ајлтс (1922–2006), дипломат и советник на Кисинџер за Средниот Исток
- Луис фон Франсоа (1817–1893), писател
- Хорст П. Хорст (1906–1999), фотограф
- Георг Кикентал (1864–1955), ботаничар
- Вили Кикентал (1861–1922), зоолог
- Новалис, псевдоним за поетот Фридрих фон Харденберг (1772–1801)
- Готфрид Рајхе (1667–1734), тапанар
- Хајнрих Шиц (1585–1672), композитор и оргулист
- Венјамин Халеви (1910–1996), израелски судија и политичар
- Жерард Тихи (1920–1992), актер
[уреди] Меѓународни односи
- Поврзано: Список на збратимени градови во Германија.
Вајсенфелс е збратимен со:
Корнвестхајм, Германија, од 1990
Комарно, Словачка, од 1995
[уреди] Поврзано
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Вајсенфелс“ |
| Енциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Weissenfels“. |
- Зале-Унштрут вински регион
|
|||||||