Вајгач

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вајгач
Вайга́ч
Хэбиди

Вајгач и Нова Земја
Вајгач се наоѓа во Русија
Местоположба на Вајгач
Географија
Местоположба Северен Леден Океан
Координати 69°59′49″ СГШ 59°34′44″ ИГД / 
Површина 3.383 км2
Должина 100 км
Ширина 45 км
Макс. надм. височ. 170 м
Највисока точка Болванскаја
Земја
Русија
Област Архангелска
Округ Ненецки автономен

Вајгач (руски: Вайга́ч; ненецки: Хэбиди) е остров во Северниот Леден Океан помеѓу Печорското и Карското Море.

Одделен е од Југорскиот Полуостров на копното со Југорскиот Теснец, и од Нова Земја протокот Карска Врата. Островот административно влегува во состав на Ненецкиот автономен округ во состав на Архангелската област, Русија.

  • Површина: 3.383 км²
  • Должина: ~ 100 м
  • Ширина: до 45 км
  • Прос. температура: -20°C (февруари), 5°C (јуни)
  • Највиска точка: 170 м

Островот геолошки се состои претежно од агрилитни шкрилци, песочник и варовник. Има многу реки, долги по 20-40 км, мочуришта и помали езера. Во пределите преовладува тундрата, а долж подолгата страна се издигаат мали карпести сртови, наместа со ниски карпести возивишенија. На карпите често се забележува мраз, кој е веројатно морски, а не леднички. Денес е населено само местото Варнек (106 жители).[1]

Флора и фауна[уреди]

Вајгач изобилува со треви, мовови и арктички ветни растенија. Нема дрвја, освен по некоја џуџеста врба. Повремено се забележуваат лисици и леминзи. Многу позастапени се птиците, како што се of патките и блатните кокошки по мочуриштата и езерата.

Природен резерват[уреди]

Во 2007 г, Светскиот фонд за природа (WWF) и владата на Русија одвоиле дел од островот како природен резерват.[2] Водите околу островот се живеалиште на разни морски животни како моржови, фоки и загрозени китови.

Етнографија[уреди]

Сè до XIX век, островот претставувал важно светилиште за домородните Ненци и на него стоела култна статуетка на бог со повеќе глави, обоена со крв од свети животни, претежно од ирваси. На него имало жртени клади од пловно дрво, еленски рогови и черепи од мечки и елени. И покрај тоа што денес се православни, Ненците сè уште негуваат вакви суеверни верувања.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. ТВ „Култура“ (руски)
  2. New Nature Reserve For The Russian Arctic“, „ScienceDaily“, Светски фонд за природа, 6 јули 2007 (конс. 29 април 2008).

Надворешни врски[уреди]