Вацлавски намести

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вацлавски намести, сликано од Народниот музеј. Крајно лево: статуата на Вацлав I.

Вацлавски плоштад или Вацлавски намести (чешки: Václavské náměstí) е еден од главните градски плоштади на Прага и центар на деловните и културните заедници во Прага. Многу историски настани се одиграле на овој плоштад, и тој претставува традиционално собиралиште за протести, демонстрации, прослави, и други јавни собирања. Плоштадот е именуван по Вацлав I, војводата од Бохемија, канонизиран од црквата како Свети Вацлав - патрон на Бохемија.

Порано плоштадот се викал „Коњски пазар“, поради намената што повремено ја имал во средниот век, но името му е променето во 19. век. Се протега во насока северозапад-југоисток, има правоаголна површина и долг е 750м, а југоисточната страна е на возвишение, поради што повеќе наликува на булевар отколку на плоштад. Вкупната површина на плоштадот е 45.000м². На највисоката точка се наоѓа големата неокласицистична зграда на Народниот музеј. Статуата на Вацлав I качен на коњ доминира на возвишението, пред музејот.

Изграден е од Карло IV (Карло Велики) во 1348. година кога е основан и „Новиот Град“ на Прага.


Координати: Erioll world.svg 50°04′53″N, 14°25′39″E