Вафел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Наполитанки.

Вафел или обланда (германски: Waffel) е тенок, сув кондиторски производ, сличен на бисквитите, на кој се втиснати различни отисоци (релјефи).

Своето име вафлите го добиле од среднодолногерманскиот збор „wâfel“. Данската форма „wafel“ во 18 век се изменила во „waffle“, и во таков вид навлегла во рускиот јазик, а оттаму и во останатите словенски јазици.

Со затворање на одреден фил со вафли се добиваат наполитанки. За оваа намена може да се користи крем, сладолед или јагоди и други овошја.

Вафлите можат да се користат како основни производи за подготовка на торти и разни печива. За оваа цел се произведуваат вафли со плочест, цевчест, конусен (корнет) и сл. облик.

За подготовка на вафлите во домашни услови се користат посебни кујнски апарати - вафелници.