Ватрослав Облак
| Ватрослав Игнациј Облак <vr> Vatroslav Ignacij Oblak | |
Портрет на Ватрослав Облак. |
|
| Роден(а) | Ватрослав Игнациј Облак 15 мај 1864 Целје, Словенија |
|---|---|
| Починал(а) | 15 април 1896 Целје, Словенија |
| Занимање | македонист, филолог, славист, лингвист |
| Националност | Словенец |
| Образование | дипломиран филилог |
| Жанрови | лингвистика, филологија |
| Значајни дела | „Макеоднски студии“ |
Ватрослав Ингациј Облак (словенечки: Vatroslav Oblak, Целје, Словенија 15 мај 1864 - Целје, Словенија 15 април 1896) бил словенечки и австриски лингвист, славист и македонист.
Содржина |
[уреди] Биографија
Облак своето образование го започнал во основното училиште во Целје каде во истиот град го продолжил и гимназиското образование, но при крај го напуштил образованието поради заболување од туберкулоза. Наскоро го продолжил образованието, но поради несогласување со авторитетите се преселил во Загреб кога во 1886 година матурирал. Облак заминал за Виена каде студирал словенечка филологија. На 11 март 1891 се здобил со титула „доктор на науки“ каде и добил стипендија за да замине во Македонија и престојувал во Солун каде ги проучувал македонските дијалекти. Но турските власти го затвориле по што австрискиот конзул реагирал за да го ослободат и ја напуштил Македонија. По краток престој во Виена, тој повторно отпатувал но овој пат во Далмација каде го проучувал чакавското наречје.[1]
[уреди] Творештво
По запишувањето на факултет тој започнал со издавање на списанието „Архива за словенска филологија“ и во 10 години напишал околу 150 статии. Тој го проучувал словенечкиот јазик и неговите дијалекти, дијалектите на хрватскиот јазик и македонските дијалекти. Значајно дело е „Македонските студии“ ( Macedonische Studien) каде се обработени македонските дијалекти. [2]