Ватерполо на Летните олимписки игри 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ватерполо на
Летните олимписки игри
2012

Water polo pictogram.svg
Турнири
мажи  жени

Турнирите во Ватерполо на Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Велика Британија се одржале во новата Ватерполо арена, која е во склоп на Олимпискиот парк од 29 јули до 12 август. За време на натпреварите во ватерполо, арената собирала 5.000 гледачи. Дванаесет репрезентации учествувале во машкиот турнир, и осум репрезентации во женскиот турнир.

Во машкиот турнир златото го освоила репрезентацијата на Хрватска, пред Италија и Србија, кои го освоиле среброто и бронзата. Во женскиот турнир златотo го освоила репрезентацијата на САД, пред Шпанија и Австралија, на кои им припаднале среброто и бронзата.

Квалификации[уреди]

Двете репрезентации на Австралија, се квалификувале директно, додека пак африканските квалификации не се одржале и бројот на места од светскот квалификациски турнир се зголемил на 4.[1][2]

Мажи[уреди]

Турнир Датум Место Бр
на места
Држава(и)
квалификувани
Домаќин 1  Велика Британија
Светска Лига 21–26 јуни 2011 Италија Фиренца, Италија 1  Србија
Светско првенство 16–31 јули 2011 Народна Република Кина Шангај, Кина 3  Италија
 Хрватска
 Унгарија
Пан Американски игри 23–29 октомври 2011 Мексико Гвадалахара, Мексико 1  САД
Азиско првенство 23–29 јануари 2012 Јапонија Чиба Сити, Јапонија 1  Казахстан
Океанија 1  Австралија
Светски квалификициски турнир 1–8 април 2012 Канада Едмонтон, Канада[3] 4  Црна Гора
 Шпанија
 Грција
 Романија
Вкупно 12

Жени[уреди]

Турнир Датум Место Бр
на места
Држава(и)
квалификувани
Домаќин 1  Велика Британија
Пан Американски игри 23–28 октомври 2011 Мексико Гвадалахара, Мексико 1  САД
Азиско првенство 23–29 јануари 2012 Јапонија Чиба Сити, Јапонија 1  Кина
Океанија 1  Австралија
Светски квалификациски турнир 15–22 април 2012 Италија Трст, Италија[3] 4  Шпанија
 Италија
 Русија
 Унгарија
Вкупно 8

Извлекување на групи[уреди]

Извлекувањето на групите за олимпискиот турнир се одржало во мај 2012 година.[4]

Мажи
Група A Група Б
 Грција  Унгарија
 Италија  Црна Гора
 Казахстан  Романија
 Шпанија  Велика Британија
 Австралија  САД
 Хрватска  Србија
Жени
Група A Група Б
 Унгарија  Италија
 Шпанија  Велика Британија
 Кина  Русија
 САД  Австралија

Освојувачи на медали[уреди]

Табела на медали[уреди]

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Flag of Croatia.svg Хрватска 1 0 0 1
Flag of the United States.svg САД 1 0 0 1
3 Flag of Italy.svg Италија 0 1 0 1
Flag of Spain.svg Шпанија 0 1 0 1
5 Flag of Australia.svg Австралија 0 0 1 1
Flag of Serbia.svg Србија 0 0 1 1
Вкупно 2 2 2 6

Дисциплини[уреди]

Категорија Злато Сребро Бронза
Машки турнир  Хрватска (CRO)
Јосип Павич
Дамир Бурич
Михо Бошковиќ
Никша Добуд
Маро Јоковиќ
Петар Муслим
Иван Буљубашиќ
Андро Бушље
Сандро Сукно
Самир Барач
Игор Хиниќ
Пауло Обрадовиќ
Франо Вичан
 Италија (ITA)
Стефано Тампести
Амаурис Перез
николо Гито
Пиетро Фиглиоли
Алекс Гиоргети
Маурицио Фелуго
Масимо Гиакопо
Валентино Гало
Кристијан Перскиути
Дени Фиорентини
Матео Аикарди
Данијел Премуш
Џакомо Пасторино
 Србија (SRB)
Слободан Соро
Алекса Шапуњич
Живко Гоциќ
Вања Удовичиќ
Душан Мандич
Душко Пјелтовиќ
Слободан Никиќ
Милан Алексич
Никола Раден
Филип филиповиќ
Андрија Прлаиновиќ
Стеван Митровиќ
Гојко Пјетловиќ
Женски турнир  САД (USA)
Елизабет Армстронг
Хедер Петри
Мелиса Сајдман
Бренда Виља
Лорен Венгер
Меги Стефенс
Кортни Метјусон
Џесика Стефенс
Елзи Виндс
Кели Рулон
Аника Драјс
Ками Крег
Тумуајали Анае
 Шпанија (ESP)
Маура Естер
Марта Бах
Ана Еспар
Розер Тараго
Матилде Ортиз
Џенифер Пареха
Лорена Миранда
Марија дел Пилар Пења
Андреа Биас
Она Мезекуер
Марија Гарсија Годоу
Лаура Лопез
Ана Копадо
 Австралија (AUS)
Викторија Браун
Џема Бедсворт
Софи Смит
Холи Линколн-Смит
Џејн Моран
Бронвен Кнокс
Роуена Вебстер
Кејт Гунтер
Гленкора Ралф
Ешли Саутерн
Мелиса Рипон
Никола Загаме
Алиша МекКормак

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]