Вардино (Кукушко)

Координати: 40°57′N 22°38′E / 40.950° СГШ; 22.633° ИГД / 40.950; 22.633
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вардино
Вардино is located in Грција
Вардино
Вардино
Координати: 40°57′N 22°38′E / 40.950° СГШ; 22.633° ИГД / 40.950; 22.633
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаРугуновец
Население (2001)[1]
 • Вкупно130
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Вардино (грчки: Λιμνότοπος, Лимнотопос, до 1927 г. Βάρδενο, Вардено) — село во областа Бојмија, Гевгелиско, а денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во Егејска Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Бајалци е сместено во рамничарскиот предел на јужниот раб на Гевгелиско-валандовската котлина односно во историско-географската и етнографска област Бојмија, во долното течение од левата страна на реката Вардар. Се наоѓа западно од градот Кукуш и е на оддалеченост од педесетина километри од Солун, крај главниот пат и железничката пруга кои водат од Солун за Скопје (Е-75) [2]. Селото Вардино е расположено на надморска височина од 40 метри[2].

Историја[уреди | уреди извор]

Во минатото, селото Вардино било населено исклучително со македонско население, при што во статистиките на К’нчов од 1910 се споменува со 60, Бранков го запишал со 64 жители - Македонци, додека Милоевиќ го води со 5 македонски куќи и 7 домови на Роми муслимани[2]. Во 1923 - 1924 година, тука биле сместени поголем број на бегалски семејства од Понд и Источна Тракија[2].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Земјиштето кое се наоѓа во алувијалната рамнина на Вардар е многу плодно[3]. Главни производи на населението се жито и памук[3].

Население[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година селото е евидентирано само со 54 жители, додека во 1920 година Вардино имало 79 жители, кои всушност биле преселеници. Со населувањето на бегалски семејства во Кавказ и Понд, бројот на жителите во 1928 нараснува на 248, во 1940 имало 224, во 1951 на 172, во 1961 на 205, за да опадне во 1971 на 161, во 1981 на 146+, а во 1991 на 121 жител.

години население
1928 248
1940 224
1951 172
1961 205
1971 161
1981 146
1991 121
2001 130

Иселеништво[уреди | уреди извор]

По уништувањето на селото во Балканските војни од страна на грчката војска, најголемиот број од македонското население се иселило во Бугарија, а извесен број семејства се сместиле во Гевгелија.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 2. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 77–78. ISBN 9989-9819-4-9.
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). „Кукушки округ (XI/2)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 77-78.