Вардар (списание)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вардар
Насловната страница на првиот број.
Типмесечно списание
СопственикКрсте Петков Мисирков
УредникКрсте Петков Мисирков
Основан1 септември 1905
Јазикмакедонски
Седиштеул. „Гогол'“ бр. 4 Одеса
Страницанема
Дозвола на К. П. Мисирков за печатење на сп. „Вардар“ во Одеса)

„Вардар“ е првото списание за наука, литература и политички прашања напишано на македонски јазик чиј уредник и основач бил Крсте Мисирков. Списанието било објавено на 1 септември 1905 година (стар стил) во Одеса, Украина.[1][2] Се планирало да излегува еднаш месечно, но списанието излегло само во еден број. „Вардар“ е составено од неколку секции каде се обработуваат македонското прашање и странските пропаганди, народното творештво, литературата, статистиката и етнографијата на Македонија, како и теми од светската гео-политика.

Содржина[уреди | уреди извор]

Списанието започнува со уводник на македонски „Од наредилницана“, пренесен и на руски јазик. Веднаш по рускиот превод на уводникот објавена е песната „Патник“ од Петар Прерадовиќ, што претставува прв превод од хрватска поезија на македонски јазик. Носечки текст во првиот број е „Извикнува i н`ето и разбор на бугарцката и србцка теори i и за народноста на мак`едонците“.[1] За жал, Мисирков во првиот број ја обработува само бугарската теорија, додека српската ја планира за вториот број, па ова негово видување никогаш не е објавено. Потоа, во првиот број на списаниото „Вардар“ следел етнографско-демографско-статистичкиот труд „Список села од i ужна Мак`едони i а (Пазарцко, Гевг`ели i цко и Кукушко)“[1] што го составил Мисирков како студент во 1900 година. За жал, направената „Об i аснителна забелешка за то i список и за Солунцкото равнишче, со плани i н`ето“ авторот најавува дека „к`е бидит дадена во друг`от бро i на Вардар“, кој никогаш не е составен и испечатен. Потоа следи рубриката „Народни песни“ со единствениот запис на народна песна од Мисирков, како и два записа на безнасловни песни од Ф. Николов. На крајот е рубриката „Современ живот“ во која Мисирков објавува два кратки, непотпишани хроничарски записи за Македонија и Русија.

Во своето списание „Вардар“ (1905) Мисирков ги редува појавувањата на теориите за народноста на Македонците: таму пишува, дека најпрвин се оформила бугарската, после грчката и најназад српската. Македонската теорија воопшто не ја приклучува кон овој редослед, како нешто што е автохтон развиток и надвор од пропагандите.

Понатамошното излегување на списанието „Вардар“ би имало големо значење и влијание врз понатамошниот развој на настаните, но од различни причини тоа е спречено. Соседните пропаганди, Руската револуција, која во тој период особено се одразила во Одеса била дополнителна пречка.

Текст[уреди | уреди извор]

Предговор[уреди | уреди извор]

Првиот дел од списанието е наменето за предговорот во кој Крсте Мисирков запишува[1]:

Нашиіот месечник іет нешчо ново, шчо ќе привлечит внимаін’ето на свите, шчо се интересуваіет со маќедонцкото прашаін’е. Однапред можит да се речит, оти «Вардар» ќе бидит постретен от свите, шчо се интереуваіет со маќедонцкото прашаін’е, осем западно-іевропеіците, као нешчо шчо можит да принесит голема шчета на интересите на свите заинтересувани во маќедонцкото прашаін’е балкансќи народи. Од «Вардар» ќе бидат недовол’ни: Турците, грците, бугарите, србите и самите маќедонци. Турчите ќе се боіат да не предзнаменуват тоі некакво ново течеін’е стред маќедонците, коіо би могло да предизвикат нови брканици во Маќедониіа. Грците іедваі ли ќе се порадуваіет на какво и да іет движеін’е стред маќедонците, коіо би могло да покажит способност на борба за самосочувуваін’е на словенцкиіот іелемент во некога сласичната Маќедониіа. Бугарите и србите не милуваіет поіавуваін’ето на «Вардар» со неговата нова нациіонална програма као нешчо, шчо можит да нанесит смртен удар на нивните нациіонални стремеін’а во Маќедониіа. (Повеќе...)

Литературна секција[уреди | уреди извор]

Како втора поголема содржина во списанието се појавува преводот на песната „Патник“ (српскохрватски: Putnik) од Петар Прерадовиќ[1]. Овој превод можеби е првиот поетски превод на современ македонски јазик. Текстот на песната е следен:

Пąтник

Боже мили, кąде заідов!
Ноќ ме стигна во туѓина,
Не знам пąто, не знам трага,
Свегде на гол камен газат
Тешки нози по пустиін’а!

Ушче ноіќаі не си наідов!
Север сеч’ от снежни брда,
А туѓинец, сиромавот
По голем му мрак во мракот,
По тверда му зема тврда.

Наоколо магла паѓат,
Покрита іет месечина,
Не се видат звездни траѓи,
Маіко мила, маіко драга,
Ти да видиш своіа сина!

Повеќе...

Статија за пропагандите во Македонија[уреди | уреди извор]

Следната статија која Мисирков ја објавил во списанието е за политичките и националните пропаганди во Македонија. Според замислата на Мисирков, оваа статија требало да има неколку продолжетоци каде ќе ги опфател сите пропаганди во Македонија. Но, поради краткотрајноста на списанието од само еден број, останала објавена само статијата каде се објаснуваат бугарската и српската пропаганда и нивните теории за националноста на Македонците. Оваа статија Мисирков ја започнува со:

Тиіе, шчо сет по глąбоко запознаени со маќедонцкото прашаін’е, іедваі ли се сомневаіет, оти наі важна негова страна іет – та за народноста на маќедонците. Зато ниіе, без да укажуваме на важноста на последното, ќе поминеме право кон разгледуваін’ето на сąшчествуіушчите теориіи за народноста на маќедонците и нивното изникнуваін’е, а после ќе бидит направени некои и друзи забелешки за нивната научна беспочвеност. Наінапред ќе одбележиме, оти свеопшч интерес доби прашаін’ето за народноста на маќедонците, кога се запитаіе, чиіа твебит да бидит Маќедониіа, и се претполагаше одговоро: на тоі народ, шчо іе насел’ават; тогаі се постави прашаін’ето: каков народ главно насел’ват Маќедониіа, или от каква народност іет главното населеін’е на Маќедониіа – маќедонците? Повеќе...

Статии[уреди | уреди извор]

Последниот дел од списанието е наменето за две статии од кои едната статија има наслов „Современ живот“, додека другата „Словенството: Русија“. Првата статија се однесува за Македонија со текстот:

Во Маќедонија летово, шчо помина, биде, во сравнениіе со поминатите лета, по спокоіно. Тоа се обіаснуват со многу причини. Коіи сет тиіе, лесно се обіаснуват. Наіпрво, народот іер во іекономцќи однос совршено расипан, па затоа тоі не можит повеќе да поддржуват со пари никакви големи востаін’а. (Повеќе...)

Во втората статија, Мисирков се осврнува кон внатрешно-политичката и гео-политичка состојба во која се наоѓала Русија по објавувањето на манифест за формирање на претставничко тело од страна на рускиот цар под притисок на Руската револуција на 6 август 1905 година (стар стил) и потпишувањето на Мировниот договор од Портсмут на 23 август (стар стил) со кој се става крај на Руско-јапонската војна. Во оваа статија тој ја дава следната оценка на Мировниот договор од Портсмут:

Портсмутскиіов мир покажуват, оти при све тоа Русиіа си остават голема и силна воена држава, коіа никоі пąт нема да допушчит мир, несогласен со неіното величіе и неіната државна чест. И на висина по Портсмутцкиіот мир іапонците зедоа од русите само іужниіот дел от Сахалин, коішчо пред 25 години беше бил іапонцки. Но Русиіа не даде нито іедна пара контрибуциіа! Со Портсмутцкиіо мир требит да останит доволно заіедно со рускиіо народ и свето словенство, зашчо тоі сочува чест и достоіунството на Русиіа, толку драгоцени за свето словенство.(Повеќе...)

Реакции за списанието[уреди | уреди извор]

Бугарскиот и српскиот печат ја алармирале домашната јавност за подготовките на списанието „Вардар“, но и за тримесечниот престој на Димитрија Чуповски во Македонија заради подготовка на отворање на училишта на македонски јазик. Мисирков со сестраните притисоци бил привремено неутрализиран, а Чуповски бил фатен во Велешко од „централистички“ војвода и со пиштол бил присилен да испари од Македонија и да се откаже од идејата за македонско образование на Македонците.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Мисирков, Крсте (1 септември 1905). Вардар (македонски и руски) (I. изд.). Одеса.
  2. Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 95. ISBN 9989-624-46-1.

Додатни информации[уреди | уреди извор]

  • Блаже Конески, „Вардар - научно-литературно и опшествено-политичко списание на К. П. Мисирков“, „Инситут за македонски јазик Крсте Мисирков“, Скопје, 1966.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]