Вампирските дневници: Враќањето: Квечерина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вампирските дневници: Враќањето: Квечерина
Оригиналната корица на англиски јазик
АвторЛ. Џ. Смит
Изворен насловThe Vampire Diaries: The Return: Nightfall
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
СеријалВампирските дневници
ЖанрМладинско-возрасна, вампирска, хорор
ПретходнаВампирските дневници: Мрачно соединување 
СледнаВампирските дневници: Враќањето: Сенковити души 

Вампирските дневници: Враќањето: Квечерина (англиски оригинал: The Vampire Diaries: The Return: Nightfall) е петтиот дел од серијалот Вампирските дневници од американската авторка Л. Џ. Смит, за првпат објавен на 10 февруари 2009 година.

Приказната[уреди | уреди извор]

Петтата книга започнува со враќањето на Елена од мртвите. Таа се враќа од загробниот живот со натприродни моќи што ја прават нејзината крв неодолива за вампирите. Стефан е решен да ја држи Елена на безбедно и сака да замине од Фелс Черч, иако на крајот не го прави тоа. Дејмон, вампир жеден за моќи каков што е тој, сака Елена да остане со него и да владее како негова принцеза на мракот.