Вампирските дневници

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вампирските дневници
Vampirskite dnevnici Serijal.png

Будењето
Борбата
Бесот

Мрачно соединување

Враќањето: Квечерина
Враќањето: Сенковити души
Враќањето: Полноќ

Ловците: Фантом
Ловците: Месечева песна
Ловците: Вечност


Дневниците на Стефан
Потекло
Страст за крв
Копнежот

Автор Л. Џ. Смит
Земја на потекло Соединетите Американски Држави
Јазик Англиски
Жанр младинско-возрасна, вампирска, хорор
Медиумски облик Печатена
Аудио формат

Вампирските дневници (оригинал англиски The Vampire Diaries) е младинско-возрасен вампирски хорор серијал од романи напишани од авторката Л. Џ. Смит. Приказната се врти околу Елена Гилберт, девојка од средно училиште растргната помеѓу двајца браќа вампири. Серијалот оригинално беше трилогија објавена во 1991 година; меѓутоа, притисокот од страна на читателите ја натера авторката да го напише четвртото продолжение, Мрачно соединување, што беше издадено следната година. Откако зеде поголем одмор од пишување, Л. Џ. Смит во 1998 најави нова трилогија насловена како Вампирските дневници: Враќањето, како продолжение на серијалот, со Дејмон како главен протагонист. Првото продолжение, Враќањето: Квечерина беше објавено на 10 февруари 2009 година. Враќањето: Сенковити души беше објавено на 6 мај 2010 година. Враќањето: Полноќ е предвидено за објавување на 8 декември 2010 година.

Вампирските дневници се адаптирани во телевизиска серија која премиерно беше прикажана на 10 септември 2009 година на телевизиската програма насловена како The CW.

Л. Џ. Смит во соработка со Џули Плек и Кевин Вилијамсон, продуцентите на телевизиската серија Вампирските дневници, ќе објави уште една трилогија насловена како Дневниците на Стефан, но кои ќе бидат предходници на случувањата во ТВ серијата, а не на оние од книгите. Првата книга од Дневниците на Стефан насловена како Потекло, официјално излезе на 2 ноември, 2010 година. Продолженијата насловени како Страст за крв и Копнежот треба да бидат објавени 4 јануари, 2011 и 3 мај, 2011 соодветно; книгите се раскажувани од гледна точка на Стефан Салваторе.

Во октомви 2010, Л. Џ. Смит објави на својата официјална веб страница дека, покрај се, серијалот нема да заврши со Враќањето: Полноќ, туку дека серијалот ќе продолжи со сосема нова трилогија наречена Вампирските дневници: Ловците која ќе ги содржи книгите Фантом, Месечева песна и Вечност.