Валта

Координати: 40°02′N 23°24′E / 40.033° СГШ; 23.400° ИГД / 40.033; 23.400
Од Википедија — слободната енциклопедија
Валта
Κασσάνδρεια
Валта is located in Грција
Валта
Валта
Местоположба во областа
Валта во рамките на Касандра (општина)
Валта
Местоположба на Валта во Нова Пропонтида и областа Централна Македонија
Координати: 40°02′N 23°24′E / 40.033° СГШ; 23.400° ИГД / 40.033; 23.400
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаКасандра
Општ. единицаАтито
Надм. вис.&1000000000000003700000037 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.775
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Валта (грчки: Κασσάνδρεια, Касандрија) — село во Општина Касандра во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Изворното име е старословенскоВалта значи „блата“ (место со блатести предели), што сведочи за словенското минато на полуостровот.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Валта се наоѓа на 92 километри јужно од градот Солун, на источниот дел од полуостровот Халкидик, на надморска височина од 37 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Валта се поменува во светогорски документи од XIV век како село и во грчки извори од почетокот на XVII век. Селото во текот на XIX век се наоѓало во Касандриската каза во составот на Отоманското Царство. Селото како и сите други населби на полуостровот припаѓало на вакуфот Газанфер ага во нахијата Каламарија.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 800 Грци[3]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 755 Грци [4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

На пописот од 1913 година биле евидентирани 1600 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1469 жители[5]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 1593 жители, додека во 1940 година селото броело 1927 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 2116 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2124 жители, во 1971 година имало 2130 жители, во 1981 година имало 2062 жители, додека во 1991 година имало 2314 жители.[5] Денеска, населението на селото е 2775 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1927 2116 2124 2130 2062 2314 2801 2775
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βάλτα -- Κασσάνδρα
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 210-211.
  5. 5,0 5,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 179.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]