Валканиот Хари (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Валканиот Хари е американски игран филм, во режија на Дон Сигел, во кој главната улога ја толкува Клинт Итвуд.

Факти за филмот[уреди]

Филмот "Валканиот Хари" е режиран од страна на познатиот режисер Дон Сигел, а главните улоги ги толкуваат Клинт Иствуд, Хари Гуардино, Џон Ларч, Ендрју Робинсон и Рени Сантони. Тој е прв филм од циклусот посветен на Валканиот Хари.[1]

Содржина[уреди]

Филмот е посветен на бескомпромисниот полицаец Хари Калахан, познат по прекарот Валканиот Хари. Хари е полициски инспектор кој не почитува никакви правила, не носи панцир и постојано е во судир со своите претпоставени. Хари е опседнат со мислата самиот да ја истера правдата и да им пресуди на криминалците на својот, понекогаш екстремен, начин. Притоа, него не можат да го заплашат ниту најтврдокорните криминалци, ниту пак бирократското однесување на полициските шефови.[2]

Наводи[уреди]

  1. Антена, бр. 803, 15.11.2013, стр. 22.
  2. Антена, бр. 803, 15.11.2013, стр. 22.