Ваитанги (Четемски Острови)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поглед на Ваитанги

Ваитанги (маор. Waitangi) е главното населено место и пристанишите на Четемските Острови. Сместено е на јужниот брег на Петровиот Залив, на западната обала на главниот остров, наречен Четемски Остров. Овој мал бастион на цивилизацијата е неспоредливо најголемото населено место на архипелагот, со население од околу 300 жители, околу 40% од населението на групата Четемски Острови (вкупно 750 жители).

Историја[уреди]

Објекти[уреди]

  • Седиште на Советот на Четемските Острови
  • Пристаниште Ваитанги & фабрика за преработка на риба
  • Здравство - Болница со четири легла, еден доктор и медицински сестри
  • Полиција - еден полицаец
  • Правда - Окружен судија во посета на секои 6 месеци
  • Образование - Едно училиште со 4 наставници
  • Банкарство - ANZ Bank, единствена на Четемските Острови
  • Продавници - една главна продавница, продава и бензин. Во близината има и кафуле/ресторанче.
  • Радио - FM радиостаница „Радио Века“ - доброволци.
  • Телевизија - од мај 1991 се снимаат програми од Нов Зеланд и се праќаат во градот - доброволци.
  • Телефонија - сателитска, до Нов Зеланд.
  • Хотел - „Хотел Четемс“ (Hotel Chathams) на кејот. Во него се има и паб.

Надворешни врски[уреди]