Википедија:Рецензија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ВП:Р)
Кратенки:
ВП:Р
ВП:РЕЦ
Нашата цел е да создадеме квалитетна и веродостојна енциклопедија. Деталната проверка на содржината на статиите од повеќе уредувачи и заедничката соработка за нивното подобрување е важен чекор кон остварувањето на таа цел. Затоа овде, на Википедија:Рецензија, имате прилика да добиете вредна помош и ценети мислења од многу искусни корисници во врска со некоја енциклопедиска статија. Дознајте подолу како да предложите статија за рецензија.

Доколку сте добро запознаени со начелата и напатствијата на Википедија, правописот и граматиката на македонскиот јазик или доколку имате познавања од темата на енциклопедиската статија, тогаш се бара Вашата помош! Одберете една статија од списокот на активни рецензии и дадете го Вашиот придонес. Ако сакате постојано да помагате со рецензирањето, ставете го Вашето име на списокот на волонтери.

Како да предложите статија за рецензија

За да предложите една статија за рецензија, направете го следново:

  1. Уредете ја страницата за разговор на статијата и додадете на нејзиниот врв {{subst:РЕЦ}}
  2. Кликнете на врската која ќе ви се појави во предлошката (ако нема таква врска, видете го ова).
  3. Ќе Ви се појави кутија за уредување. Во неа напишете какви видови на сугестии, коментари и придонеси сакате, и/или секциите на статијата за кои мислете дека им е потребно внимание.
  4. Зачувајте ја страницата. Таа ќе се појави овде во списокот на активни рецензии.
  5. По избор, можете да контактирајте некој од нашите активни волонтери за да добиете мислење за статијата.

Ако веќе предложите една статија за рецензија, следното предлагање за истата статија треба да биде подоцна од две недели (14 дена).

Како да затворите и архивирате рецензија

Рецензиите за кои веќе цела недела нема никаков одговор или рецензиите за кои веќе е решена дискусијата и подобрувањето треба да се затворат. Ве молиме, не затворајте страници за рецензии за кои се во тек активни дискусии и предлози. За да ја затворите рецензијата:

  1. На страницата за разговор на статијата заменете ја предлошката {{Рецензија}} со {{стара рецензија|архива=N}} каде што N е бројот на архивата (на пример, за Википедија:Рецензија/Име на статија/архива1, кодот ќе биде {{стара рецензија|архива=1}}).
  2. На страницата за рецензија, заменете ја предлошката {{Страница за рецензија}} со {{subst:Затворена рецензија}}

Сите затворени и архивирани рецензии се наоѓаат во Категорија:Википедија:Затворени рецензии.

Како да рецензирате

За да рецензирате, одберете едно барање од списокот на активни рецензии. Внимателно прочитајте ја статијата, слободно направете подобрувања и/или дадете коментар за тоа како статијата може да се подобри.

Доколку сакате постојано да помагате со рецензирањето, ставете го Вашиот потпис на списокот на волонтери. Така, корисниците кои ќе бараат рецензии ќе можат да Ве контактираат.

Список на активни рецензии

Кратенки:
ВП:НРЕЦ
Во продолжение се дадени сите моментални рецензии во формат Википедија:Рецензија/ИМЕНАСТАТИЈА/архиваN.
Исчистете ја меморијата за страницава за да го обновите списокот.