Бурсаспор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ФК Бурсаспор
Целосно име Bursaspor Kulübü Derneği
Прекар(и) Зелени крокодили
Зелено-бели
Основан јуни 1, 1963; пред 51 година (1963-06-01)
Терен Стадион Бурса Ататурк, Бурса
(Капацитет: 25,213)
Претседател Турција Ибрахим Јазици
Тренер Турција Ертугрул Саглам
Лига Турска Суперлига
2011/12 Турска Суперлига, 8мо
Веб страна Официјално мрежно место
Team colours
Kit body sporting1112h.png
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Домашни бои
Kit left arm bursa1213a.png
Team colours
Kit body bursa1213a.png
Team colours
Kit right arm bursa1213a.png
Team colours
Team colours
Team colours
Гостински бои
Kit left arm bursa1213t.png
Team colours
Kit body bursa1213t.png
Team colours
Kit right arm bursa1213t.png
Team colours
Team colours
Team colours
Резервни бои

Фудбалскиот Клуб Бурсаспор (турски: Bursaspor Kulübü Derneğ) е турски професионален фудбалски клуб од градот Бурса формиран во 1963 година. Клубот има повеќе прекари од кои најпознати се зелено-белите и зелените крокодили. Боите на клубот се зелена и бела. Во домашни рамки, клубот ја освоил Турската Суперлига во сезоната 2009-10 со што станал само вториот клуб од Мала Азија на кој му успеало тоа, и петти клуб кој ја освоил Турската Суперлига.[1] Клубот исто така го освоил и Турскиот Куп во 1986 година.

Во сезоната 2009-10, ФК Бурсаспор ја освоил Турската Суперлига за прв пат во својата историја со 75 бодови, еден помалце од второпласираниот Фенербахче.[2][3] ФК Бурсаспор станал вториот клуб надвор од Истанбул што ја освоил Турската Суперлига, придружувајќи му се на ФК Трабзонспор кој ја освоил својата прва титула во 1976. Пред да ја освои титулата, Бурсаспор никогаш не бил пласиран во првите три на табелата. Клубот станал четвртиот турски фудбалски клуб кој отворил своја телевизија посветена на клубот. Во групната фаза од Лигата на Шампионите 2010/11 клубот играл во Ц групата заедно со Манчестер Јунајтед, Валенсија и Глазгов Ренџерс.[4] На натпреварот против Глазгов Ренџерс, клубот одлучил играчите да не го носат првиот дрес, бидејќи нивниот дрес наликувал на дресот на најголемиот ривал на Глазгов Ренџерс, Селтик.[5]

Бурсаспор, своите домашни натпревари ги игра на стадионот Бурса Ататурк кој е изграден во 1979 година.

Успеси[уреди]

Наводи[уреди]

  1. ANADOLU KRALI (Kingdom of the Anatoluim) (турски), accessed 30 May 2011
  2. Bursaspor Pip Fenerbahce To Turkcell Super Lig Title
  3. Yeşil devrim (турски)
  4. Newcomers stand in Inter's path“, UEFA Official Website, 26 август 2010 (конс. 26 август 2010).
  5. No 'Celtic hoops' for Bursaspor at Ibrox“, BBC News, 28 септември 2010 (конс. 29 септември 2010).

Надворешни врски[уреди]