Бургенланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бургенланд (гер. Burgenland, хрв. Gradišće, унг. Várvidék) е една од деветте сојузни покраини во Република Австрија, која се наоѓа во нејзиниот источен дел. Зафаќа површина од 3.966 квадратни километри и тука живеат околу 285.000 жители. Главен град е Ајзенштат.

Положба[уреди]

Штаерска го зазема источниот дел на Австрија. Се граничи со:

Географија[уреди]

Со површина од 3.966 квадратни километри, Бургенланд е една од помалите покраини во Австрија. Според рељефот, поголемиот дел е во склоп на Панонската Низина, а мал дел на запад е во склоп на планинскиот венец на Алпите. Климата е претежно континентална. Водите ги застапуваат многу реки и езера, меѓу кои најпознато е Нежидерското Езеро, на границата со Унгарија.

Население[уреди]

Со над 285.000 жители и густина на населеност од 72 жители/км2 Бургенланд е последна по бројност покраина во Австрија. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Австријци, но има и значителен број на Хрвати и Унгарци. Во последните години има и многу доселеници од другите поранешни југословенски републики и од Турција, но не толку како во останатите делови на Австрија.