Булент Еџевит

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
  1. пренасочување Шаблон:Инфокутија Функционер

Булент Еџевит (турски: Bülent E cevit) (28 мај 1925 во Истанбул - 5 ноември 2006 во Анкара) бил турски политичар и премиер на Турција во периодот од 1999 до 2002 година.

[уреди] Рани години

Еџевит бил роден во семејство на професор во 1925 година, Се образувал на колеџот Роберт во Анкара, Лондон и на Харвард. Во Лондон завршил индиска литература и превел на турски едно од делата на Рабиндранат Тагоре.

[уреди] Политичка кариера

Во текот на 1946 Еџевит се вклучил во политички води, прво како прес-аташе во турската амбасада во Лондон, а потоа како новинар, уредник и, конечно, колумнист во весникот „Улус“. Еџевит се приклучил во Републиканската народна партија (РПП) основана од Кемал Ататурк и во 1957, станувајќи најмлад член на парламентот. Девет години подоцна станал генерален секретар, а 1972 и лидер на РПП, трета личност на оваа највисока позиција по самиот Ататурк.

На функцијата премиер бил избиран во 1974, истата година кога во септември бил принуден да се повлече, во 1977, од 1978 до 1979. Во осумдесеттите добил љубезна порака од воените генерали да се подготви „за еден и пол час, доколку сака и заедно со сопругата“ да биде однесен во затвор. По релативно кусиот затворски стаж, добил забрана десет години да не се занимава со политика. На сцената повторно се вратил во деведесеттите и од 1999 до 2002 повторно бил избран за премиер.

Неговата политичка кариера е исполнета со големи настани. Во 1974 година наредил инвазија на северниот дел од Кипар со цел да го заштити турското малцинство таму беше наречен „втор Ататурк“. Во 1999 година за време на неговиот петти мандат како премиер успеал да го стави зад решетки лидерот на курдските бунтовници, Абдула Оџалан, обвинет за 30.000 жртви на неговата војна против Анкара. Истата година тој започнал радикални реформи во земјата како цврста демонстрација на Турција да стане членка на Европската унија. Подоцна тој ја одбил поканата заедно со Грција да се приклучи кон тогашната Европска економска заедница.

Во текот на 2001 година јавно влегол во судир со шефот на државата Ахмет Сезер, кој бил незадоволен од начините за справување со корупцијата на владата на чие чело стоел Еџевит. Сезер го обвинил премиерот дека покажал „непочитување кое никогаш не било видено во историјата на нашата земја“. Политичката криза довела до паѓање на турските берзи, затворање на илјадници претпријатија и милиони нови отпуштени од работа[1].

[уреди] Наводи

  1. Петте мандати на политичарот и поет Булент Еџевит“, Утрински весник. Проверено на 2011-03-03. (на Македонски)
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици