Бугарска работничка социјалдемократска партија (тесни социјалисти)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бугарската работничка социјалдемократска партија (тесни социјалисти) - бугарска левичарска политичка партија, која постоела од 1903 до 1919 на чело со Димитар Благоев.

На конгрес во Русе во 1903 година БРСДП се разделила на две идеолошки крила. Десното крило на БРСДП, бранејќи ги реформистичките позиции, се одвоило во Бугарската работничка социјалдемократска партија (широки социалисти), додека левото, марксистичко крило се одвоило во БРСДП (т.с.)

Таа била наречена партија на "тесните социјалисти" во противополжност на "широките социјалисти". Тие за возврат го добиле своето име поради "широкото разбирање" на марксизмот, како "широка работа" меѓу бројните слоеви на општеството и поради "широките критериуми" за членство во партијата.

БРСДП (т.с.) од своја страна го толкувала Карл Маркс во буквална смисла, и фокусирала својата работа меѓу индустриските работници и поставила високи критериуми во однос на луѓето кои могат да станат нејзни членови.

БРСДП (т.с.) имала за свој орган весник "Работнически весник", а за научно-теоретска трибуна - списание "Ново време". Под раководство на партијата и во тесна врска со неа бил создаен Општ работнички синдикален сојуз (1904) и Сојуз на работничката социјалдемократска младина (1912).

Партијата доживува уште два расцепа - со прогресивците и анархосиндикалистите, односно во 1905 и 1908. Сепак, влијанието нејзино расте постојано. Во 1902 заработува 2 пратенички места, а во 1914 - 12. Во 1908 добива 2600 гласа на локалните избори, а во 1911 - 13000. Во наредните партијата победи на локалните избори во голем број општини - Самоков, Сливен, Дупница, Плевен, Варна, Нова Загора. Приврзаниците на партијата нарекуваат нејзиното управување на овие општини - општински заедници.

Во 1912-1913 БРСДП (т.с.) се објавува против Балканската и Втората балканска војна и кренала идејата за Балканска федеративна република. Најавила се и против учеството на Бугарија во Првата светска војна, застанала на позициите на Цимервалдската левица за тоа "да се претвори империјалистичката војна во граѓанска". На меѓународно ниво се противила на социалшовинистките позиции на Втората интернационала по прашањето за војната. Водила активна антивоеното агитација меѓу бугарските војници, претежно на Солунскиот фронт.

Поздравила Октомвриската револуција во Русија во 1917 и сè повеќе се зближувала со болшевиците и Ленин. Не успеала да даде организиран карактер на Војничкото востание во 1918 година и да го предводи, иако подоцна го оценила како обид да се собори монархијата и власта на буржоазијата.

"Тесните социјалисти" имале значителни идеолошки разлики со руските болшевиците. Тие не го поставувале прашањето за донесување на власта преку востание, не прифатиле идејата за унија со селячеството и не се согласиле со диктатурата на пролетарјатот како главна цел на социалистичката револуција.

На својот конгрес во 1919 партијата се преименувала во Бугарска комунистичка партија (тесни социалисти).