Бубамари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бубамарата спаѓа во типот членконоги, во класата инсекти и во редот тврдокрилци. Околу 5000 видови се дел од фамилијата бубамари. Ја има низ целиот свет. Најчесто се среќава во тревата, цвеќињата, грмушките и на дрвјата. Спарувањето е напролет. Женката снесува 3 до 300 јајца, зависно од видот и наскоро потоа умира. По 4 до 7 недели од нив се изведуваат боцкави, обоени ларви, потоа обоена кукла, и најпосле возрасна бубамара. Должината и се движи од 4 до 10 милиметри. Живее околу една година.