Бруцела

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Бруцели под светлосен микроскоп, обоени по Грам.

Бруцелите се кратки, стапчевидни бактерии од родот Brucella. Овие грам-негативни и аеробни бактерии се присутни во мочниот и половиот тракт на кравите, овците и свињите. Преносот на луѓе е редок, бидејќи во повеќето земји млечните продукти се пастеризираат. Името е во чест на британскиот воен хирург Дејвид Брус.

Со ДНК анализите денес е утврдено присуство на само еден вид - Brucella melitensis со неколку биовариетети. Сепак, во практиката денес најчесто се користи старата систематика, при што биовариететите се сметаат за посебни видови на бруцели.

[уреди] Бруцелоза

 Vista-xmag.png Поподробно на оваа тема: Бруцелоза.

Бруцелозата се добива со директен контакт со заразени животни или индиректно преку контаминирана храна (особено непастеризирано млеко). Патогенот навлегува преку мукусните мембрани и се востановува во фагоцитите (микро- и макрофагите). Преку нив се пренесува во лимфните јазли, црниот дроб, слезенката, коскената срцевина и други ткива каде се формира гранулом. Од овие места бактериите можат да се прошират во крвта (хематогено распространување). Се јавува треска проследена со настинка. Со пролиферацијата на бактериите во крвта се стимулираат цитокините.

[уреди] Видови (според стара систематика)

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици