Бруно Марс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Bruno Mars Бруно Марс

Bruno Mars изведува во Лас Вегас, Невада на 19 септември, 2010.
Биографски податоци
Родено име Питер Џин Хернандез
Роден(а) 8 октомври 1985[1]
Honolulu, Hawaii
Потекло Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Жанрови Поп, алтернативен хип хоп, соул, R&B
Занимања Пејач-текстописец, продуцент
Инструменти Вокал, тапани, гитара, клавијатура, бас
Период на активност 2007–present
Издавачи Atlantic, Elektra
Соработници The Smeezingtons, B.o.B, Cee-Lo Green, Travie McCoy, Eminem, Snoop dog
Мреж. место brunomars.com


Питер Џин Хернандез (англиски Peter Gene Hernandez) повеќе познат со неговото сценско име Бруно Марс (анг. Bruno Mars), е американски пејач – текстописец и продуцент. Израснат во Хонолулу, Хаваи од семејство на музичари, Марс почнал да се занимава со музика уште од рана возраст. По настапите во неколку музички настани во неговиот роден град во текот на неговото детство, тој одлучил да следи музичка кариера и се преселил во Лос Анџелес. Почнал да продуцира песни за други пејачи придружувајќи му се на продукцискиот тим The Smeezingtons.

Тој стана познат како соло-пејач откако го позајми својот вокал и помогнал во пишувањето на текстот на песната “Nothin' on You” од Б.о.Б (анг. B.o.B) , и “Billionaire” од Travie McCoy. Тој исто така е ко-автор на хитот “Right Round” од Фло Рида (en:Flo Rida) со Кеша (en:Kesha), “Wavin’ Flag” од K’naan, “Fuck You!” од Cee Lo Green. Во откомври 2010 година, тој го издаде својот прв деби албум, Doo-Wops & Hooligans. Познат по сингловите „Just the Way You Are” и “Grenade”, албумот стигна на местото број три на Billboard 200[2] листата. Тој е номиниран за седум Греми награди (на англиски Grammys) за 53-тите Награди Греми (на англиски Grammy Awards), кои се одржaa на 13 февруари 2011 година, освојувајќи ја наградата за Најдобра Машка Поп Изведба за песната „Just the Way You Are”.

Живот и кариера[уреди]

1985 – 2008: Рана возраст и почетоци[уреди]

Марс е роден како Питер Џин Хернандез (на англиски Peter Gene Hernandez) и е израснат во Ваикики ( на англиски Waikiki) соседството на Хонолулу ( на англиски Honolulu ) , Хаваи (на англиски Hawaii) од неговите родители Пит и Бернадет Хернандез, со порториканско и филипинско потекло. Неговата мајка емигрирала од Филипините (на англиски Philippines) на Хаваите (на англиски Hawaii) уште како мала, а неговиот татко се преселил на островот, од Бруклин, Њујоркк, (на англиски Brooklyn, New York).

Двајцата се запознале за време на еден настап каде мајка му на Марс била хулу танчерка а неговиот татко свирел на удиралки. Кога имал 2 години татко му, на Марс му го дал прекарот ‘Бруно‘ бидејќи бил буцкасто бебе и затоа што во тоа време имало еден познат буцкаст борач кој се викал Бруно Самартино (на англиски Bruno Sammartino). Марс e едно од шест деца и доаѓа од едно музичко семејство во кое се слушале различни мешавини на реге, рок, хип хоп, и Р&Б. Уште од мал тој имитирал и изведувал песни од уметници како Мајкл Џексон (на англиски Michael Jackson),Елвис Присли (на англиски Elvis Presley), The Isley Brothers, и The Temptations. Во 1990 , Марс настапил во MidWeek, како „Малиот Елвис„ а подоцна имал и една кратка улога во филмот „Меден месец во Вегас“ (на англиски Honeymoon in Vegas) во 1992. Подоцна тој размислувал за влијанието на Елвис врз неговата музика, велејќи, „ Го гледам најдобриот. Голем фан сум на Елвис. Голем фан сум на Елвис од 1950-те години кога тој ќе излезеше на сцена и луѓето се плашеа бидејќи тој беше еден вид на сила а девојките полудуваа за него! Истото можеме да го кажеме и за Принц (на англиски Prince) или The Police. Тие се само момци кои знаат дека луѓето доаѓаат да гледаат шоу, затоа јас ги гледам тие момци и обожавам да ги следам бидејќи јам сум нивен фан. Во 2001 тој ги призна и своите хавајски корени и тоа што доаѓа од музичко семејство , како влијание, велејќи „ Тоа што растев на Хаваите (на англиски Hawaii) ме направи човекот што сум денес. Таму сум имал многу настапи со бендот на мојот татко. Сите во моето семејство пеат, сите свират на некој инструмент. Вујко ми свири многу убаво на гитара, татко ми на удиралки, а брат ми е еден извонреден тапанар, тој всушност свири со нашиот бенд. Јас сум опкружен од тоа. Во 2003 година, откако дипломирал во средното училиште Пресидент Теодор Рузвелт (на англиски President Theodore Roosevelt High School), на седумнаесет годишна возраст, Марс се преселил во Лос Анџелес, Калифорниjа (на англиски Los Angeles, California) да гради музичка кариера. Тој го ‘посвои’ своето сценско име така што на прекарот Бруно кој му го даде татко му, тој му го додаде зборот „Марс„ на крај, “Чувствувам дека не сум привлечен тип, и многу девојки ми велат дека изгледам како да не сум од овој свет, затоа си помислив, можеби сум од Марс.„ Од страна на неговиот нов ко-писател на песни Филип Лоренс , Марс беше запознаен со неговиот иден менаџер во Атлантик рекордс, Арон Беј – Шак. Откако го слушал како свири неколку песни на гитара, Беј-Шак сакал веднаш да потпише договор, но на Атлантик рекорд му требале 3 години за тој конечно да потпише за оваа дискографска куќа. Во меѓувреме Беј-Шак ги користеше Марс заедно со Филип Лоренс и Ари Левин , како најмени текстописци и продуценти за уметниците на издавачката куќа. Во едно интервју за HitQuarters , Беј-Шак вели дека иако главна цел на Марс е да гради соло кариера, тој сепак е подготвен да пишува и да прави песни за други уметници, бидејќи ова ке му помогне да се подобри уште повеќе во пишувањето на песните и исто така ке му помогне да открие каков уметник сака да биде. Според Беј-Шак ова за Марс е еден период на „само-откритие„ кој значително ке придонесе за успехот што следеше.

2009 – денес : Комерцијален успех и Doo-Wops & Hooligans[уреди]

Бруно Марс изведува во Хјустон, Тексас во ноември 2010.

Пред да стане еден успешен соло-уметник, Xернандез беше еден признаен музички продуцент кој пишуваше песни за Alexandra Burke, Travie McCoy, Adam Levine, Brandy, Sean Kingston и Flo Rida. Тој исто така е и ко-автор на хит песната "Get Sexy" од Sugababes, и пееше придружни вокали на нивниот албум Sweet 7. Нeговиот прв музички настап како пејач беше на вториот студиски албум на Far East Movement, Animal ,кој се појави во музичката нумера "3D". Исто така се појави на деби синглот на пасторот и хип хоп пејачот Jaeson Ma , "Love" во август 2009. Марс се истакна како пејач откако се појави во песната на Б.о.Б (en:B.o.B) "Nothin' on You" и на песната на Треви Мекој (на англиски Travie McCoy) "Billionaire", две песни кои му овозможија да се позиционира во десете најдобри песни на различни топ листи низ целиот свет. Во врска со овие две песни Марс изјавил „ Мислам дека овие песни не беа наменети да ги пеам целосно. Ако јас го пеев целиот текст на "Nothin' on You", можеби ќе звучеше нешто како Р&Б од 90тите години. По овој успех Марс го објави својот деби EP (extended play) насловен It's Better If You Don't Understand, на 11 мај, 2010. EP –то се позиционираше на местото број 99 на Billboard 200 исто така исфрли еден сингл "The Other Side", заедно со рап пејачите Cee Lo Green и B.o.B. Марс во август 2010 година уште еднаш соработуваше со Cee Lo Green кога заедно ја подготвија песната "Fuck You!„. Тој изведе еден колаж на "Nothin' on You", и "Airplanes" со Б.о.Б и Хејли Вилијамс на MTV Видео музички награди за 2010 (на англиски : 2010 MTV Video Music Awards) на 12 септември 2010.

Деби албумот на Марс Doo-Wops & Hooligans дигитално беше пуштен на 4 октомври 2010 а неговото физичко издание го доживеа на 5 октомври 2010. Водечкиот сингл "Just the Way You Are", беше издаден на 9ти јули 2010 и го достигна врвот на Billboard Hot 100. Музичкото видео беше издадено на 8 септември 2010. Две песни од албумот, "Liquor Store Blues" со Damian Marley и "Grenade" беа објавени низ iTunes Store како промотивни синглови. Тој на 6 октомври 2010 ја отвори есенската турнеа на Maroon 5, Hands All Over. Марс заедно со Треви Мекој (н англиски Travie McCoy) на 18 октомври 2010 ќе почне европска турнеја.

Во Америка, Doo-Wops & Hooligans, дебитираше на местото број три на неделата на Billboard 200, продавајки се 55,000 копии. Албумот исто така доби и добри коментари од критичарите. Лиа Гринблет (на англиски Leah Greenblatt) од Entertainment Weekly го пофали Марс за неговите „заразни мелодии„ и „итри моменти на денс музика„ но истакна и слабости во песни, што застрануваат од неговиот конвенционален поп и соул жанр. Во септември 2010 година, Марс беше уапсен во Лас Вегас (на англиски Las Vegas) за поседување кокаин (на англиски cocaine) Кога зборувал со полицаецот Марс неколку пати изјавил дека ова што го направил е глупаво и дека „никогаш порано не користел дрога. На судењето, кое се одложи по втор пат до 4ти февруари, 2011, можно е да се случи Марс да добие дури до 4 години затворска казна и парична казна од 50,000 долари за наводно поседување на 2,6 грами од оваа дрога.

Музички стил[уреди]

Бруно Марс изведува на 24 ноември, 2010. Марс свири неколку инструменти вклучувајќи пијано, гитара, бас, и конга.[3]

Иако Марс е опишуван како „мек“ поради неговиот фалсето (на англиски falsetto) глас, неговиот ко-продуцент вели, „ Тоа што луѓето не го знаат е дека постои и потемна страна на Бруно Марс.„ Џон Караманика од The New York Times го нарече „еден од најразноврсните и најдостапните поп пејачи, со еден убав глас под влијание на соул музиката, кој одговара на еден опсег на стилови, еден меѓународен донатор. „ Марс ги наведува Michael Jackson, Elvis Presley, Prince, и Tupac Shakur како негови влијанија.

Марс исто така вели дека неговата соработка со други уметници влијаела врз неговиот музички стил, велејќи дека "'Nothing on You' имала Motown вајб, 'Billionaire' била акустична реге песна на гитара, иако моја најомилена е една од најомилените ми е Cee-Lo song Fuck You!. Мислам дека никој друг не би можел да ја пее таа песна. И исто така е и песната 'Just the Way You Are'. Ако ја знаете мојата приказна, ке знаете дека ги сакам сите музички жанрови. Тој вели дека doo-wop има најголемо влијание врз неговата музика, опишувајќи го овој жанр како „ само директни љубовни песни – толку шармантни и едноставно романтични.„ Во прилог Марс изјавува дека фактот дека растел на Хаваите влијаел врз неговата музика, давајќи им на песните еден реге звук. Тој објаснува „На Хаваите (на англиски Hawaii) некои од најголемите радио станици се реге. Локалните бендови се претежно под влијание на Боб Марли (на англиски Bob Marley) . Музиката ги зближува луѓето. Не е урбана или поп музика. Тие се песни. Тоа е тоа што ги прави да преминат толку добро. Песната е на прво место.

Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Бруно Марс.

Награди и номинации[уреди]

Марс бил номиниран за неколку награди како на пример видео на годината, најдобро хип хоп видео,најдобро поп видео, песна на годината и многу други награди.

Наводи[уреди]

  1. De Castro, Cynthia (5 јануари 2011). „Bruno Mars: The Fil-Am Artist with Universal Appeal“. „Asian Journal“. AJ Press Los Angeles. http://www.asianjournal.com/aj-magazine/midweek-mgzn/8386-bruno-mars-the-fil-am-artist-with-universal-appeal.html. конс. 7 јануари 2011. 
  2. Caulfield, Keith. „Toby Keith's 'Gun' Fires at No. 1 on Billboard 200“, „Billboard“, Prometheus Global Media, 13 октомври 2010 (конс. 13 октомври 2010).
  3. Herrera, Monica (6 мај 2010). „Bruno Mars Steps Out Solo After Hitting No. 1 with B.o.B.“. „Billboard“. Prometheus Global Media. http://www.billboard.com/#/news/bruno-mars-steps-out-solo-after-hitting-1004089204.story. конс. 4 февруари 2011. 

Надворешни врски[уреди]