Бројна оска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во математиката, бројна оска или бројна права е права на која е означена почетна точка, единечна должина и на секоја нејзина точка еднозначно ѝ е придружен реален број[1]. Честопати на неа се обележани целите броеви со подеднакво оддалечени црти. Иако оваа слика ги покажува целите броеви од −9 до 9, на линијата лежат сите реални броеви, продолжувајќи „до бескрај“ во секоја насока, таа содржи и броеви помеѓу нив кои не се обележани. Ваквата оска се користи во наставата за учење на собирање и одземање, особено со негативни броеви.

Бројна оска

Бројната оска се дели на две симетрични половини во почетокот, т.е. во нулата.

Цртање на бројна оска[уреди]

Бројната оска начесто се претставува како хоризонтална. Позитивните броеви по обичај се десно од нулата, а негативните броеви лево. Стрелките на краевите од означуваат дека линијата продолжува до бесконечност двата правци, иако обележаните броеви се ограничени.

Множеството броеви на бројната оска се нарекува и множество реални броеви, со ознака \mathbb{R}. реалните броеви се состојат од ирационални и рационални броеви, како и цели броеви и природните броеви.

Имагинарните броеви можат да се претстават на оска со почеток во нулата која е нормална на бројната оска. Ова ја проширува бројната оска во бројна рамнина, каде точките кои лежат на комплексната рамнина означуваат комплексни броеви.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Стефановска, Лилјана (16 ноември 2007). „Бројна оска“. Connexions. http://cnx.org/content/m15270/latest/. конс. 28 февруари 2011.  (македонски)