Бронхии
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Бронхии се дел од респираторниот тракт кои претставуваат душни цевки, гранки на дишникот составени од 'рскавичави прстени меѓусебно поврзани со сврзно и мускулно ткиво. Во својот долен крај, дишникот се дели на две стебла - бронхии, што навлегуваат во белите дробови. Десната бронхија е значително поширока од левата и навлегува вертикално во белодробното крило. Токму поради тоа, ако се вдише туѓо тело, тоа многу полесно ќе навлезе во десното крило на белите дробови. Секоја бронхија навлегува во белодробното крило преку вдлабнување наречено врата. Во овој дел со белите дробови се поврзуваат и крвните садови и нервите.