Бри Хоџ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бри Хоџ
Bree Hodge
Лик од Очајни Домаќинки
Bree Hodge.jpg
Марша Крос како Бри Хоџ
Прво појавување Pilot (Desperate Housewives)“ (епизода 1.01)
Создаден од Марк Чери
Толкуван од Марша Крос
Информации
Алијас(и) Бри Масон (моминско име)
Бри Ван де Камп (венчано име; со Рекс Ван де Камп )
Бри Хоџ (венчано име; со Орсон Хоџ)
Пол Женски
Старост 46, 51 (на крајот од 4та сезона)
Занимање домаќинка; снабдувач; автор на кулинарски книги (на крајот од 4та сезона)
Семејство Г-ѓа Масон (мајка, почината)
Хенри Масон (татко)
Сопружник Рекс Ван де Камп (прв сопруг, починат)
Орсон Хоџ (втор сопруг)
Деца Ендрју Ван де Камп (син, со Рекс)
Даниел Ван де Камп(ќерка, со Рекс)
Бенхамин Хоџ (посвоен син, со Орсон)


Бри Хоџ (англиски: Bree Hodge) е измислен лик и еден главните ликови од телевизиската серија на ABC, Очајни Домаќинки. Ликот е толкуван од актерката Марша Крос, а создаден е од Марк Чери.


Сите во Вистерија Лејн мислеа за Бри дека е прекрасна жена и мајка. Сите, освен нејзиното семејство.''

Мери Елис Јанг


Историја на ликот[уреди]

Прва сезона[уреди]

Бри Ван Де Камп живее со нејзиниот маж, Рекс Ван Де Камп и двете деца Даниел и Ендрју. Се изгледа совршено сè додека една вечер во еден ресторант, Рекс и побара развод на Бри, но таа не сака да се разведе и по грешка во салатата на Рекс става кромид, а тој е алергичен на него и потоа завршува во болница. Во меѓувреме Бри и Рекс одат кај брачен советник за да го спасат нивниот брак, хо Бри открива дека Рекс има љубовница и Бри почнува да излегува со нивниот аптекар, Џорџ Вилијамс. Џорџ го мрази Рекс и ги менува неговите апчиња со други, кои не се за Рекс и Рекс на крајот од првата сезона умира.

Втора сезона[уреди]

Трета сезона[уреди]

Бри во третата сезона се венча со Орсон Хоџ и Бри станува Бри Хоџ. Првата сопруга на Орсон, Алма мистериозно исчезнала и нејзина пријателка Керолин Бигзби го обвинува Орсон дека тој ја убил, но сепак Бри ќе се омажи за Орсон. Во текот на третата сезона Алма ненајдено се враќа и купува куќа на Вистерија Лејн, а тоа многу им пречи на Бри и Орсон. Алма го сака Орсон назад, но мајката на Орсон Глорија Хоџ ја заклучува Алма на таванот од нејзината куќа, таа паѓа од покривот и умира. Ќерката на Бри, Даниел, забременува и Бри и Орсон одлучуваат Даниел да го роди бебето и Бри и Орсон да го одгледаат како нивно.

Четврта сезона[уреди]

Во четвртата сезона Бри сѐ уште се преправа дека е бремена, со цел да го одгледа бебето на нејзината ќерка Даниел Хоџ кога ќе се роди. Уште од почетокот кога Кетрин Мејфер се вселува на Вистерија Лејн, таа станува нејзин непријател и конкуренција. За време на ручек кај Линет, Кетрин ја заменува тортата од лимон на Бри со нејзината и сите велат дека тортата е најубавата досега што ја пробале, а Бри ја открива Кетрин. Потоа ќе провали во нејзината куќа со цел да го земе рецептот, но ќе биде сведок на една необична случка кога Кетрин ја плеснува Дилан и Кетрин и Адам како зборуваат дека треба да измислат што повеќе лаги. Потоа заедно со Кетрин се спријателуваат кога дознаваат дека и двете се декоратори на забави и свадби, па заедно ќе работат на еден проект каде што повторно има несогласувања помеѓу нив две. Даниел се враќа дома. На ноќта на вештерките, Даниел се породува и го раѓа момчето Бенџамин Хоџ. После торнадото на Вистерија Лејн, покривот на куќата на Бри е срушен и таа со семејството ќе се сместат кај Сузан. Таму мажот на Бри, Орсон Хоџ, почнува да месечари и сосема случајно една вечер додека месечари кажува: -Жалам што те прегазив Мајк... и сето тоа го слуша Џули која потоа му кажува на Мајк. Тајната дека Орсон го прегази Мајк е откриена и Бри го брка Орсон од нејзината куќа. Додека Орсон е надвор од куќата, тој престојува кај Иди која сака да го заведе и Бри открива за тоа. Иди открива дека Бенџамин е син на Даниел и ја уценува Бри со тоа што нема да каже на никој за тоа ако и биде најдобра пријателка, постојано се дружи со неа и слично, а ако не го направи тоа ке каже на сите дека Бенџамин не е нејзин син. Бри се чувствува очајно и кажува на Габи, Сузан и Линет дека Бенџамин е син на Даниел и сите четири заедно одат кај Иди каде што и кажуваат дека повеќе не конкактираат со неа и дека и се лути. Тогаш Иди се отселува од Вистерија Лејн. На крајот на сезоната, Бри ја уредува свадбата на Боб и Ли. Подоцна ја бара Кетрин каде што заедно со неа станува заложничка на поранешниот маж на Кетрин, Вејн Дејвис. Двете на крај ќе се ослободат, а Адам и Кетрин ќе го убијат Вејн. Бри му кажува на Орсон дека ќе го пушти да живее со неа, но само ако Орсон сам се пријави во полиција. Орсон го прави тоа и повторно живеат заедно.