Брита Хајдеман

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Олимписки медали
Мечување во женска конкуренција
Сребро Атина 2004 Меч (жени, екипно)
Злато Пекинг 2008 Меч (жени)
Брита Хајдеман, 2012

Брита Хајдеман (герм. Britta Heidemann, р. 22 декември, 1982 во Келн) е германска мечувалка во дисциплината меч. Го постигнала својот најголем успех на 13 август на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, кога ја поразила Ана Марија Бранза (Романија) и со тоа го освоила златниот медал. Само неколку минути пред тоа, нејзиниот сонародник Бенјамин Клајбрин го освоил златниот медал во поединечен флорет. Пред ова, најголем успех доживеала на Светското првенство во мечување 2007 кога го освоила златниот медал (поединечно). На Летните олимписки игри 2004 освоила сребрен медал во дисциплината меч заедно со членовите на нејзината екипа, Клаудија Бокел и Имке Дуплицер. На Светското првенство во мечување 2006 Хајдеман го освоила бронзениот медал со тоа што ја поразила Романија во дисциплината меч (екипно), заедно со нејзините соборци Имке Дуплицер, Клаудија Бокел и Маријана Марковиќ. Хајдеман моментално живее и студира во Келн.

Олимпијади[уреди]

Надворешни врски[уреди]