Британски поговорки

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ова е список на британски поговорки. Овој список не е целосен и може да подлегне на додатни проширувања. Во прилог следуваат поговорките.

Поговорки[уреди | уреди извор]

  • Времето е пари!
  • Вистински човек - на вистинско место!
  • Денот што доаѓа ни се чини подолг од годината што минува.
  • Живот без радост е како петролејна ламба без петролеј.
  • Заштедените пари се заработени пари.
  • Кој толкупати те измамил, колку што ти самиот себеси си се измамил?
  • Кучето и мачката можат да се бакнат, но тие нема да станат подобри пријатели.
  • Мојата куќа е моја тврдина.
  • Одморот е само за мртвите.
  • Она што последно ќе се каже, не значи дека е најзначајно.
  • Полека, ако сакаш побрзо да стигнеш дома!
  • Полесно е да најдеш дупки, отколку да ги закрпиш
  • Пријателот се губи побргу од што се стекнува.
  • Сите девојки се прекрасни! Тогаш, по ѓаволите, од каде се појавуваат пред нас толку неподносливи сопруги!?
  • Сите работи се тешки пред да станат лесни.
  • Умните луѓе учат од туѓите грешки; глупавите од сопствените
  • Чизмите на ѓаволот не чкрипат.