Британска библиотека

Од Википедија — слободната енциклопедија
Новата зграда на библиотеката била отворена во 1997 г. (станицата Сент Панкрас е видлива во заднината)

Британската библиотеката во Лондон (англиски: British Library) — национална библиотека на Обединетото Кралство. Со својата збирка од 150 милиони предмети, вклучително и 25 милиони книги, таа е на второто место во светот по Конгресната библиотека. Библиотеката станала независна организација во 1973 г., кога била одвоена од Британскиот музеј, основан во 1753 г. Во 1983 г., на неа била додадена и Националната звучна архива. Уште во 1757 г., кралот Џорџ II ѝ дал на библиотеката на Британскиот музеј право на бесплатни примероци од сите нови изданија во земјата. Со закон од 1911 г., таа повторно го добила ова право, заедно со уште пет библиотеки. Британската библиотека има право и на задолжителен примерок од изданијата во Република Ирска.[1]

Меѓу највредните предмети што се чуваат во библиотеката се копија од Дијамантската сутра, најстарата позната печатена книга во светот, два примерока од Гутенберговата Библија, два примерока од 1215 г. од Големата повелба на слободите, единствениот ракописен примерок од поемата Беовулф. Британската библиотека има и значајна збирка од старомакедонски книги, меѓу кои од Кочо Рацин, Коле Неделковски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Коле Чашуле итн.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „www.bl.uk“. Архивирано од изворникот на 2017-08-28. Посетено на 2023-07-26.
  2. „A library of Macedonian literature in the British Library“. blogs.bl.uk (англиски). Посетено на 2023-07-26.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]