Бриги

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бригите (или Фриги) се етничка заедница која во предисторискиот, протоисторискиот период и периодот на антиката го населувала просторот на Албанија, Епир и Македонија.

Бригите биле биле една од најстарите и најбројни индоевропски популации на Балканот. Ги населувале јужните предели на централниот балкански простор. Нивното присуство е посведочено на територијата на планината Пангај, на исток од реката Вардар, до Албанија, Епир, охридската облат и Пелагонија. Како бројна популација, на почетокот на 1 милениум п.н.е. Бригите исчезнале од Балканскиот полуостров а дел од нив се преселил во Мала Азија. Меѓутоа нивните културни и лингвистички влијанија се присутни на поширокиот балкански полуостров. Како важен супстрат Бригите учествувале во етногенезата на повеќе балкански популации. Според јазичните остатоци, констатирана е блискост меѓу бригискиот јазик и јазикот на Македонците и Пајонците. Бригискиот јазик, ономастиката и елементи на нивната материјална култура станале дел од наследството и културите на Македонците и Пајонците.[1]

Етимологија на името[уреди]

Генерално се смета дека Бригите се поврзани со Фригите, кои за време на класичниот антички период живееле во западна Анадолија. И двете имиња, Бриги и Фриги, се смета дека се варијанти на еден ист корен. Врз основа на археолошки докази, некои историчари (на пример Никола Хамонд, Ежен Н. Борза и др.) тврдат дека Бригите/Фригите биле дел од Лужичката култура кои се преселиле на јужниот Балкан за време на Доцниот бронзен период.[2][3]


Нема точни податоци за потеклото на името на Бригите. Во 1844, Херман Милер сугерирал дека името можеби е поврзано со истиот индо-европски корен од германското Berg (гора, планина) и словенското брег (кое освен брег, значело и врв, рид, планина),[4] i.e. IE *bʰerǵʰ. Доколку е така би било сродно со западноевропските имиња на племиња како келтските Бриганти и германските Бургунди,[5] семантички мотивирано од некои аспекти на зборот кој значи 'висок, издигнат, благороден, познат'.[6]

Лични имиња[уреди]

Според зачуваните лични имиња, Бригите имаат сличности со античките Македонци, Пајонци, Мигдонци, Едонци и особено со малоазиските Фригијци. Веројатно тие биле првичното етничко јадро од кое подоцна се диференцирале овие старобалкански народи.

Некои лични и географски имиња споменати од старите автори можеби етимолошки се поврзани со "Бригите":

Историја[уреди]

Најстаро спомнување на Бригите во историските извори е во врска со нивниот конфликт со Теспротијците кои го населувале просторот на јужна Албанија во времето на Тројанската војна.Античките извори ги посведочиле Бригите во близина на Лихнидското Езеро и горното течение на реката Еригон (Црна Река). На поширокиот балкански простор тие се лоцираат источно од долното течение на реката Вардар, под планината Бермион, во северозападна Грција и југоисточна, јужна и централна Албанија до Дирахион на север.

Наводи[уреди]

  1. д-р Коста Аџиевски (2001). „Запознајте ја Македонија“. Скопје: Ина-Комерц. ISBN 9989-9536-1-9. 
  2. Borza, Eugene N. In the Shadow of Olympus: the Emergence of Macedon. Princeton, New Jersey: Princeton University Press, 1990, ISBN 0691008809, p. 65. "What can be established, despite an extremely slight archaeological record (especially along the slopes of Mt. Vermion), is that two streams of Lausitz peoples moved south in the later Bronze Age, one to settle in Hellespontine Phrygia, the other to occupy parts of western and central Macedonia."
  3. The Gordion Excavations 1950-1973: Final Reports Volume 4, Rodney Stuart Young, Ellen L. Kohler, Gilbert Kenneth, p. 53.
  4. Müller, Hermann. Das nordische Griechenthum und die urgeschichtliche Bedeutung des Nordwestlichen Europas, p. 228.
  5. Kluge, Etymologisches Wörterbuch, Berlin: de Gruyter 1995, v. Berg.
  6. Pokorny, Julius. „Indogermanisches Etymologisches Woerterbuch“. University of Leiden. стр. 140–141. http://www.indoeuropean.nl/cgi-bin/startq.cgi?flags=endnnnl&root=leiden&basename=%5Cdata%5Cie%5Cpokorny. 
  7. Apollonios Rhodios (translated by Peter Green). The Argonautika. University of California Press, 1997, ISBN 0520076877, p. 223. [Glossary] "Brygean Isles: A group of islands occupying the (supposed) Adriatic delta of the Istros R. (Danube) and sacred to Artemis."
  8. Hazlitt, William. The Classical Gazetteer: A Dictionary of Ancient Geography, Sacred and Profane. Whittaker, 1851, p. 81. "Brygias (Brygium, Brucida), capital of the Brygi, Illyria, E. of Lychnitis palus on the Via Egnatia, bet. Lychnidus (13) and Scirtiana (4). Presba."