Бретонски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бретонски)
Бретонски
Brezhoneg
Застапен воФранција
ПодрачјеБретања
Јазично семејство
Писмобретонска азбука
Јазични кодови
ISO 639-1br
ISO 639-2bre
ISO 639-3bre

Бретонскиот јазик (изв. Brezhoneg) спаѓа во групата на келтските јазици од британската група, и е зборуван од страна на околу 300 000 луѓе претежно во Франција, главно во регионот Бретања.

Историја[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што бретонскиот јазик е многу близок со јазикот на Галите, сепак тој се разликува во голема мера од него. Освен со галскиот, бретонскиот јазик е многу близок и со келтските јазици кои се зборуваат на територијата на денешна Велика Британија и Ирска. Ова се должи на распаѓањето на Римското Царство и отселувањето на Келтите од островот.

Бретонскиот јазик е основен јазик во областа Бретања сè до XII век. По XII век, овој јазик сè повеќе почнал да се заменува со францускиот јазик и бретонскиот постепено започнал да исчезнува. Во 1930 година бретонскиот јазик бил зборуван од страна на 1 300 000 жители. Кога во 1532 година, Бретања попаднала под француска власт, бретонскиот јазик останал како малцински. Во тоа време било дозволено официјално да се употребува кој било малцински јазик во Франција. Но, по Француската револуција, францускиот јазик се наложил како единствен и на тој начин бретонскиот постепено се отфрлил од официјалната употреба во Бретања. Во почетокот на XX век, половина од населението на Бретања го знаеле и зборувале бретонскиот јазик, а по 1950 година нивниот број започнал да се намалува. Така, денес бретонскиот јазик е зборуван од страна на 500 000 луѓе.

Дијалекти[уреди | уреди извор]

Карта на бретонските дијалекти

Основните дијалекти на бретонскиот јазик се:

  • корнуаjски или кемперски (Kerneveg, фр. Cornouaillais) - основен, го говорат 41% од Бретонците. Се зборува во регионот околу Кемпер (Quimper).
  • леонски (Leoneg, фр. Léonais) – кој се зборува во регионот околу Леон.
  • трегорски (Tregerieg, фр. Trégorrois) – кој се зборува во областа на Трегор
  • вански или гвенедски (Gwenedeg, фр. Vannetais) – кој се зборува во подрачјето на градот Ван (град во Франција) (Gwened, Vannes)

Примери[уреди | уреди извор]

Двојазични патокази во Кемпер, Бретања
бретонски македонски
degemer mat добре дојде
deuet mat oc'h вие сте добредојдени
Breizh Бретања
brezhoneg бретонски
ti, "ty" куќа
ti-kêr општина
kreiz-kêr центар
da bep lec'h сите страни
skol училиште
skol-veur универзитет
kenavo пријатно
krampouezh палачинки
chouchenn бретонска медовина
yec'hed mat На здравје!
war vor atao секогаш на море
kouign amann торта со многу путер и шеќер

Слични содржини[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]