Брест (дрво)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Брест
Полски брест (Ulmus minor)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Розовидни
Фамилија: Брестови
Род: Брест
L.

Брест (науч. Ulmus) — род од фамилијата брестови (Ulmaceae) кој опфаќа околу 20 вида, застапени во умерениот појас на северната полутопка. Високи дрвја со јајцевидни и асиметрични листови со назабен раб, со косо пресечена основа и со кратка дршка. Цветаат рано пред пролистувањето, а плодовите се сплескани, крилести оревчиња, кои зреат многу рано (април). Имаат квалитетно дрво, но масовно страдаат и се сушат од нападот на габата Ophiostoma ulmi] (холандска болест).

Во Македонија се среќаваат: полскиот брест (U. minor), планинскиот брест (U. montana) и везот (U. effusa).[1]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Брест“. Македонска енциклопедија. (2005). Скопје: МАНУ.