Брест (Скопско)

Координати: 42°13′0″N 21°28′40″E / 42.21667° СГШ; 21.47778° ИГД / 42.21667; 21.47778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Брест
Брест во рамките на Македонија
Брест
Местоположба на Брест во Македонија
Брест на карта

Карта

Координати 42°13′0″N 21°28′40″E / 42.21667° СГШ; 21.47778° ИГД / 42.21667; 21.47778
Општина  Чучер-Сандево
Население 278 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25014
Надм. вис. 1.185 м
Брест на општинската карта

Атарот на Брест во рамките на општината
Брест на Ризницата

Брест — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северните предели на Скопска Црна Гора.

Историја[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта
  • Кале — доцноантички кастел спекула и збег;

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 39 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 192 мажи муслимани, со 1 новороденче. Се проценува дека селото во тој период имало 386 жители.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брест живееле 240 жители, сите Арнаути[3] муслимани.[4]

Во 1913 година, селото имало 1014 жители. Било дел од Општина Бродец.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1250 Албанци.[6]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.778—    
19531.886+6.1%
19611.782−5.5%
19711.434−19.5%
19811.061−26.0%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
19941.158—    
2002569−50.9%
2021278−51.1%

На пописот од 2002 година, селото имало 569 жители, од кои 564 Албанци, 1 Ром и 4 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 278 жители, од кои 230 Албанци и 48 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 1.778 1.886 1.782 1.434 1.061 0 1.158 569 278
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Брест е албанско село.

Според истражувањата од 1941 година, родови во селото се.

  • Доселеници: Муриз (60 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од северна Албанија. Припаѓале на фисот Бериша; Тенџер (55 к.) доселени се од северна Албанија кога и претходниот род. Исто така се од фисот Бериша; Мулија (42 к.) доселени се од северна Албанија. Припаѓале на фисот Красниќи; Малина (24 к.) доселени се од северна Албанија. Овде се доселиле преку Косово. Припаѓаат на фисот Шаља; Маслан (14 к.) доселени се во првата половина на XIX век. Припаѓале на фисот Бериша.[13]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Ова село пред да стане албанско, било православно македонско. Стари иселеници од селото има во Трпеза кај Гнилане (Љубисав), Бинча во Горна Морава (Шорлиќи, Ѓуриќи, Илиќи, Милкиќи, Џојкини и Цајчиќи). Могила во Горна Морава (Пржиќи). Кучевиште (Рајчиниќи, Шегменовиќи, Црничани, Белинци и Шејкови). Како и во градот Куманово (Вацеве).[13]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  3. Албанците биле забележани како Арнаути.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 206.
  5. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]