Брежиска тврдина
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Брежиска тврдина Grad Brežice Schloss Rann |
|
| Податоци | |
|---|---|
| Локација | Брежице |
| Земја | Словенија |
Тврдината Брежице се наоѓа во градот Брежице, во Словенија. Тврдината била изградена во текот на 16 век. Претходно, на негово место постоела тврдина која датирала од 1249 година, време кога градот бил административен и економски центар на епископија на Салцбург.
Во 1479 година, на ова подрачјесе водела војната помеѓу царот Фредерик III и унгарскиот крал Матија Корвин. За време на големата словенска селска буна од 1515 година, замокот бил опожарен. Во 1528 година, тој уште еднаш била опожарен. Поради почестите напади на Османлиската империја, Хабсбуршкиот крал Фердинанд одобрил 3000 флоринти во 1529 година за обнова на палатата. Помеѓу 1530 и 1551, објектот бил целосно реновиран.
Во средината на 17 век, замокот бил во властништво на хрватските грофови од династија Франкопан. По смртта на Јулијана Франкопан во 1694 година, нејзините наследници ја продасле на Игнат Марија Атемс, кога ентериерот бил значително променет.

