Брегова ластовичка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Брегова ластовичка
Во лет
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Ластовици
Род: Riparia
Вид: R. riparia
Биномен назив
Riparia riparia
(Linnaeus, 1758)
Подвид
  • R. r. dolgushini
  • R. r. eilata
  • R. r. ijimae
  • R. r. innominata
  • R. r. kolymensis
  • R. r. riparia
  • R. r. shelleyi
  • R. r. taczanowskii
Синоними

Hirundo riparia Linnaeus, 1758
Riparia diluta (but see text)


Бреговата ластовичка (Riparia riparia) е птица преселница, од фимилијата ластовици од редот на врапчевидните. Широко е распространета во лето, ја опфаќа цела Европа и средоземноморските држави, дел од серверна Азија и, исто така, Северна Америка. Во зима, таа се сели во источна и јужна Африка, Јужна Америка и јужна Азија. Ја има и во Македонија.

Опис[уреди]

Возрасна единка крај гнездото

Бреговата ластовичка е долга 13-14 cm, распонот на крилјата е 28 cm и тежи околу 14 грама. Таа е кафеаво сивкаста од горе, бела од долу со кафеав појас на градите; и нејзините бои не се толку контрастни како кај другите ластовици. Клунот е црн и има кафеави нозе. Младите имаат црвенкасти делови на пердувите. Опашката ѝ е релативно мала, со послабо изразен облик на вила. Нема изразен полов диморфизам (не се разликуваат машките од женските единки). Нејзиниот кафеав грб, белиот врат и краткиот и брз отсечен лет ги изделува од сличните ластовички, како што е градската ластовичка (Delichon urbicum), карпестата ластовичка (Petrochelidon pyrrhonota) и од другите видови ластовици. Само видот R. cincta од Сахара е слична, но бреговата ластовичка таму се појавува само во зима, па затоа повторно лесно се распознава.

Бреговата ластовичка пее континуирано додека лета, но полугласно се слуша кога се симнува на земја. Звуците за тревога се слушаат кога ќе помине некоја птица грабливка како сокол, врана или други сомнителни предатори и тогаш преземаат комбинираната акција за да го избркаат предаторот.

Однесување[уреди]

Гнезда на колонија ластовички

Бреговата ластовичка живее во јата, на места што се богати со летачки инсекти, како слатководни езера, реки, мочуришта.[2] Се храни со ситни летечки инсекти како: комарци, мушички, водни коњчиња и сл. Многу вешто ги лови во лет. Бреговите ластовички први стигнуваат во своите живеалишта од зимувањето на југ (пред сите други ластовици), уште на крајот од март, но исто така, рано заминуваат - до крајот на септември.

Гнездење[уреди]

Гнездо со јајца

Бреговата ластовичка живее во големи колонии и таму ги прави гнездата. Од десетици до многу стотици парови гнездат многу блиску едни до други, зависно од просторот што им е на располагање. Гнездата ги прават на вертикални земјени брегови од реки, избирајќи поровка и мека земја. Нејзиното име всушност потекнува од таму. Гнездото претставува хоризонтална дупка во вертикален земјен ѕид, со отвор од 6 до 8 cm и должина до 1,5 m. Го копаат наизменично и мажјакот и женката со своите нозе. На крајот од дупката се наоѓа комората која е малку проширена и каде го сместуваат гнездото во кое ставаат сламки, мов, сува трева и пердувчиња. Несат 2 - 5 бели јајца. Родителите наизменично ги лежат јајцата во период од 13 до 15 дена. Родителите пилињата ги хранат со инсекти, и по 3 недели, младенчињата го напуштаат гнездото. За разлика од другите ластовици, бреговите ластовички најчесто имаат само едно легло годишно. Тие се моногамни птици.

Фусноти[уреди]

Наводи[уреди]

  • Linnaeus, Carl (1758): 101.4. Hirundo riparia. In: Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis (10th ed., vol. 1): 192. Laurentius Salvius, Holmius (= Stockholm). PDF fulltext
  • Turner, Angela & Rose, Chris (1989): Swallows and martins: an identification guide and handbook. Houghton Mifflin. ISBN 0-395-51174-7

Надворешни врски[уреди]