Браќа Рајт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Орвил Рајт
Orville Wright.jpg
„Дојдовме овде по ветер и песок, и ги добивме.“ (фото: 1905)
Роден 19 август, 1871
Дејтона, Охајо
Починал 30 јануари, 1948 (на 76 г.)
Дејтона, Охајо
Занимање печатар/издавач, продавач/произведувач на велосипеди, изумител/произведувач на авиони, инструктор по летање
Сопружник нема
Вилбур Рајт
Wilbur Wright.jpg
„Неколку години бев пратен од верувањето дека летањето е можно за човекот.“ „Можно е да се лета без мотори, но не и без знаење и умеење,“ (фото:1905)
Роден 30 јануари, 1867
Милвил, Индијана
Починал 30 мај, 1912 (на 45 г.)
Дејтона, Охајо
Занимање печатар/уредник, продавач/произведувач на велосипеди, изумител/произведувач на авиони, инструктор по летање
Сопружник нема

Браќата Вилбур и Орвил Рајт се едни од најзначајните личности на 20 век и едни од најзаслужните за развојот на воздухопловството во последниве 100 години, а со тоа и напредокот на целата економија и технологија во денешниот свет. На 17. декември 1903 година, со леталото „Флаер - 1“, Орвил го извршил првиот лет со машина потешка од воздухот (дотогаш летањето единствено било можно се балон на топол воздух). Првиот лет бил долг 36,5 метри, со брзина од 48 км. на час и на височина од 2,5 до 3,5 метри, и траел само 12 секунди.[1] Иако летот бил мошне кус, со ова тие ги крунисале бројните напори од тоа време за изработка на летачки машини, и со тоа влегле во историјата на воздухопловството.

Биографски податоци[уреди]

Орвил Раjт на 4 години, април 1876.
Вилбур Рајт, околу 1877 година

Родени се во семејството на бискупот Милтон Рајт,[1] и се двајца од четворицата синови на Сузан Катрин Рајт. Во нивната фамилија постои и едно женско дете Катерина. Вилбур, третородениот, е роден на мала фарма во близина на Миливил, Индијана на 16 април 1867 година, додека Орвил (1871-1948) и подоцна Катерина се родени во Дејтона. Нивниот татко константно ги менувал работните места, така што целата фамилија менувала живеалишта, иако куќата во Дејтона останала долго време во сопственост на семејството.

Браќата Вилбур и Орвил Рајт

Нивното домаќинство било место кадешто децата постојано биле стимулирани за својот ментален напредок. Орвил за своето детство пишува: „Ние ја имавме среќата да живееме во оклина во којашто постојано бевме охрабрувани да ги гониме своите интелектуални интереси; да истражуваме и прнаоѓаме сѐ што ќе нѝ паднеше на памет“. Куќата поседувала две библиотеки: книгите за теологија биле чувани во канцеларијата на бискупот, додека на подолниот кат се чувала голема и разновидна колекција. Иако бискупот Рајт бил строг човек, двата родители биле грижливи кон своите деца.

Семејството се преселува од Ричмонд, Индијана, назад во Дејтона во јуни 1884 година истиот месец кога Вилбур требало да дипломира. За несреќа, тој го напушта Ричмонд без да ја подигне својата диплома и наредната година се враќа во Централната Гимназија за понатамошни студии по старогрчки јазик и тригонометрија.

Наводи[уреди]