Браунсвил, Бруклин

Координати: 40°39′38″N 73°54′39″W / 40.660653° СГШ; 73.910781° ЗГД / 40.660653; -73.910781
Од Википедија — слободната енциклопедија

Браунсвил е станбена населба сместена во источен Бруклин, Њујорк.[1]

Вкупната површина е еден квадратен километар, а ЗИП кодот за населбата е 11212. Браунсвил граничи со Источната Њујоршка Авенија на север (на Бедфорд – Стајвесан границата), Источна 98ма Улица на запад (Источен Флетбуш) и товарната железница Беј Рич Бренч од патот Лонг Ајленд Реил на југ (во непосредна близина на населбата Канарзи) и на исток Источен Њујорк).

Во областа патролира 73тата Административна единица, сместена на 1470 Источната Њујоршка Авенија. Имотот на Органи во Њујорк за Градско Домување (ОЊГД) во областа е патролиран од П.С.А. 2. Тој е дел од Бруклинскиот Општински Одбор 16.

Куќи Семјуел Ј. Тилден

Една од многуте згради со развиени социјални станови сместени во Браунсвил

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 2008 г., населението во Браунсвил броеше 116,579 жители, а демографијата 77.1% Црнци или Афроамериканци, 18.8% Шпанци или Латино, 5.4% Белци, 1.9% Азијати/ од островите на Тихиот Океан и 8.2% се изјасниле од друг вид. 31.7% од населението имаат завршено средно училиште а 9.2% се дипломци или нешто повеќе. Почнувајќи од 2008 г., просечниот приход на едно домаќинство е 17,967$. Во Браунсвил има вкупно 28, 298 станбени единици.

Користење на земјиштето[уреди | уреди извор]

Во Браунсвил се најзастапени развиените социјални станови од различни видови. Има значајна концентрација на повеќе полуодвоени куќи во ред слични на оние во Источен Њујорк и Саундвју во околината на социјалните станови. Многу од нив се срушени и заменети со слободни места или повеќе ново конструирани субвенционирани куќи во ред. Во оваа област има и мал број на станбени згради. Населбата ја има највисоката концентрација на развој на ОЊГД во градот Њујорк.

Локации на социјални станови со ниски приходи[уреди | уреди извор]

Има развој на 18 ОЊГД сместени во Браунсвил.

1. 104-14 Тепскот Стрит; една четирикатна зграда. 2. Браунсвил Згради; 27 згради, високи 6 и 7 ката. 3. Гленмор Плаза; четири згради, високи 10, 18 и 24 ката. 4. Хауард Авенија; пет згради; пет згради, високи 3 ката. 5. Хауард Авенија – Парк Место; осум згради, високи 3 ката. 6. Хауард Згради; десет згради, високи 7 и 13 ката. 7. Хјуз Апартмани; три, зграда на 22 ката. 8. Маркус Гарви (Група А); три згради, високи 6 и 14 ката. 9. Проспект Плаза Згради; три празни згради на 12 ката се во фаза на реновирање. (навистина во делот Оушн Хил од Бруклинскиот Општински Одбор 16) 10. Ралф Авенија Рихеб; пет, згради на 4 ката. 11. Реверенд Рандолф Браун; две, згради на 6 ката. 12. Сетлоу Згради; четири згради, високи 17 и 18 ката. 13. Сутер Авенија – Унија Стрит; три реновирани станбени згради, високи 4 и 6 ката. 14. Тепскот Стрит Рихеб; осум, реновирани станбени згради на 4 ката. 15. Тилден Згради; осум, згради на 16 ката. 16. Ван Дук I; 22 згради, високи 3 и 14 ката. 17. Ван Дук II; една, зграда на 14 ката. 18. Вудсон Згради; две згради, високи 10 и 25 ката.

Маркус Гарви Згради

Историја[уреди | уреди извор]

Театар Лус Питкин

Браунсвил е еврејски и политички радикален од 1880-тите до 1950-тите, во текот на 1920-тите и 1930-тите, ги избра кандидатите на Социјалистичката и Американската Партија на Трудот на државното собрание.

Уште како во 1910 г., областа се стекна со репутација на маѓепсан сиромашен кварт и плодно тло за криминал. Позната е во текот на годините по нејзините криминални банди, а во 30-тите и 40-тите се стекна со озлогласеност за родно место на Murder, Inc. Браунсвил беше претежно еврејска населба, сè до 1960-тите, кога населението стана во голема мера црно и стапката на невработеност беше 17 проценти. Половина од семејствата во областа живееја со помалку од 5,000$ годишно. Како што Џими Бреслин напиша во 1968 г., Браунсвил го потсетувал на Берлин после Втората светска војна; блок по блок од изгорени фасади на куќи, улиците оптоварени со купишта распаднати автомобили. Продавниците на авениите се празни, а улиците се наредени со напуштени станови или згради кои имаат празни станови на секој кат.

Во септември 1967 г., се случија немири по смртта на 14 годишен црн тинејџер кој беше убиен од црн полицаец, откако се обидел да ограби 73 годишен Евреј. Немирите беа подгреани од бруклинскиот активист Сони Карсон кој ширел лажни гласини дека бел полицаец го убил детето без причина и беше само задушен откако бруклинскиот командант од северната област, Лојд Сили распореди одред од 150 црни полицајци на немирите да се спречат понатамошни грабежи. Одговорниот офицер подоцна беше ослободен, откако поротата одби да го обвини.

Во 1968 г., Браунсвил беше околината каде што се случуваше долготрајниот и спорен штрајк на наставници. Одборот за Образование експериментираше со тоа што им даваше на луѓето од населбата контрола врз училиштето. Новата администрација отпушти неколку наставници кршејќи ги правилата на унијата на договор. Сите наставници беа бели и во најголем број Евреи, и како резултат на штрајкот се подели целиот град. Штрајкот потраја половина година, и стана познат како едена од “Десетте Епидемии” на Џон Линдзи.

Уметност и Архитектура[уреди | уреди извор]

Социјални проблеми[уреди | уреди извор]

Областа со децении се соочува со многу социјални проблеми поврзани со сиромаштија, од криминал до зависност од дрога. И покрај намалувањето на криминалот во споредба со нивниот врв за време на епидемијата од крек и хероин, насилниот криминал продолжува да биде сериозен проблем на општината. Браунсвил има значително повисока стапка на напуштање и инциденти на насилство во своите училишта. Учениците мораат да поминат преку детектори за метал и да покажат лични карти при влез во зградите, сепак, повеќето јавни средни училишта во Њујорк го имаат усвоено овој пристап без оглед на локацијата. Другите проблеми во локалните училишта ги вклучуваат ниските резултати на тестовите и високата стапка на бегање од часови.

Во 2003 г., Медицинскиот Корпус на Армијата на САД основа програма за обука во соба за итни случаи, којашто прими преку 600 случаи годишно на жртви од прободување и прострелни рани. “Програмата, наречена Академија на Напредна Борба Против Медицината, започна во Кингс Кантри Осмата Медицинска Бригада, заснована во Форт Вацворт на Стејтен Ајленд, реши да ги тренира своите резервисти во зафатени цивилни соби за итни случаи.”

Урбано обновување[уреди | уреди извор]

Откако бранот на подметнати пожари во текот на 1970-тите ги опустоши општините со ниски приходи во градот Њујорк, повеќето, ако не и најголем дел од станбените објекти во Браунсвил беа сериозно оштетени или уништени. Градот започна да реновира многу формално напуштени згради во стил на станбени згради и им одреди ниски приходи за домување почнувајќи во доцните 1970-ти. Повеќето субвенционирани градски куќи и ново конструирани згради се изградени или се градат на слободни места преку населбата.

До неодамна Браунсвил беше единствената училишна област во Бруклин без средно училиште. Сега се три, две се сместени во иста зграда во 226 Св. Бристолска Подготвка за Наставници отворена во септември 2001 г., и ФДА VII отворена во септември 2004 г. Училиштето за Подготовка на Наставници одслужува од 6то па сè до 12то одделение, и добива оценка “А” и за основно и за средно училиште на картите за извештај за 2008 г. има и трансфер училиште Браунсвил Академија, коешто е Диплома Плус трансфер училиште. Се здоби со Добро Развиени резултати за својот преглед на квалитет од 2008 – 2009. Доби и оценка Б на картата за извештај од 2007 – 2008.

Превоз[уреди | уреди извор]

Главна улица во Браунсвил е Питкин Авенија. Има пристап и од метро системот на Њујорк преку возовите 3 и Л.

Значајни жители[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Brownsville Long Island New York“. Longislandexchange.com. December 22, 2006. Архивирано од изворникот на 2011-07-13. Посетено на January 24, 2011.

40°39′38″N 73°54′39″W / 40.660653° СГШ; 73.910781° ЗГД / 40.660653; -73.910781