Братство и единство

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
„Чувајте го Братството и единството како зениците во очите ваши“, Јосип Броз.

„Братство и единство“ (српскохрватски: Bratstvo i jedinstvo/Братство и јединство, словенечки: Bratstvo in enotnost) било национално гесло на СФРЈ и популарна парола на Комунистичката партија на Југославија. Геслото било создадено за време на Народноослободителната војна на Југославија и истото станало водечка политичка идеологија во поглед на етно-лингвистичката југословенска политка.[1]

Содржина

[уреди] Значење

По војната, геслото било клучно за југословенската политика на еднаквост меѓу југословенските народи. Геслото било вметнато и во уставите од 1963 и 1974 година. Според тогашното толкување, југословенските народи Македонци, Срби, Хрвати, Словенци, Црногорци и Муслимани (Бошњаци), како и националните малцинства, треба да живеат братски и во слога и нивните сличности треба да се промовираат да се избегнат националните конфликти и омразата.

[уреди] Употреба

Геслото било употребувани низ целата Југославија, па така голем број фабрики, училишта, јавни институции, спортски и културни здруженија го носеле името „Братство и единство“. Исто така, главниот автопат Љубљана-Скопје бил именуван по геслото.

[уреди] Наводи

  1. Mesic, Stipe. 2004. The Demise of Yugoslavia: A Political Memoir. Central European University Press. Pp. 246.
  • "BRATSTVO I JEDINSTVO", Politička enciklopedija, Beograd 1975.

[уреди] Поврзано

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици