Браникска тврдина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Браникска тврдина
Grad Branik
Општи информации
Град Браник, Нова Горица
Земја Словенија


Браникската тврдина се наоѓа во Браник, Нова Горица, во Словенија. Првите населби кои биле изградени на ридот на којшто денеска се наоѓа оваа тврдина датиаат уште од праисторијата. Тврдината била во владеење на Стар Рим. Денешната форма на тврдината се претпоставува дека ја добила во 1230 година.

Во 14 век и 15 век замокот бил во сопственост на Хабсбуршката монархија. Во 1528 година, околните земјишта биле дадени на грофот Лантиери, и во нивна сопственост амокот бил цели 417 години, односно до Втората светска војна.

Во ноќта на 22 односно 23 јули 1944 година, замокот бил нападнат од страна на југословенските партизани, по што тој бил опожарен. Во 1945 година, дворецот е национализиран. Од 1980-тите години, објектот постепено се обновува.


Галерија[уреди]