Брак меѓу исти полови

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Двајца мажи склучуваат брак во Амстердам во текот на првиот месец откако било овозможено склучување на бракови помеѓу исти полови во Холандија во 2001.

Бракот меѓу исти полови е израз кој означува државно, социјално или религиозно признаен брак во кој сопружниците се од исти пол и живеат заедно во семејство. Други изрази кои го имаат истото значење се „педерски брак“, „лезбејски брак“, „хомосексуален брак“, или „еднаков брак“. Борците за правата на хомосексуалците особено го користат изразот „еднаков брак“, за да ја потенцираат еднаквоста на бракот меѓу истите и различните полови.

До денес, 5 земји го имаат законски овозможено склучувањето на граѓански брак помеѓу исти полови: прва била Холандија во 2001., а останатите се Белгија, Шпанија, Канада и Јужна Африка.

Во многу земји, иако не се дозволува формално склучување на брак, заедниците помеѓу исти полови се признаваат со различен степен на признавање на правата од семејниот живот (наследство, пензија, здравствено осигурување, посвојување на деца, и др.). Првата земја што ги признала заедниците помеѓу партнери од исти пол била Данска во 1989. Денес, под името граѓанска заедница, граѓанско партнерство, домашно партнерство, нерегистрирано партнерство, кохабитација и сл., заедниците на партнери од исти пол ги признаваат: Андора, Австралија, Германија, Данска, Колумбија, Исланд, Израел, Луксембург, Мексико, Нов Зеланд, Норвешка, Обединетото Кралство, Португалија, Словенија, Унгарија, Уругвај, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Шведска, и неколку сојузни држави од САД.