Браилово писмо
Од Википедија, слободна енциклопедија
Браиловото писмо или Браиловата азбука е специјално писмо наменето на личностите со слаб вид или потполно слепите. Создадено е во 1825 година. Произлегло од т.н. ниќно писмо на тајните служби кои го користеле во ноќните воени дејства. Луј Брај (англиски :Louis Braille)ја усовршил оваа техника и настојувал таа да се користи во праксата. Основната клетка на Браиловото писмо се состои од шест точки (т.н. шестточка), а на секоја буква одговара комбинација од тие 6 релјефни точки.


