Бошко Перински

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бошко Перински (Лазарополе, Гостиварско, 1950 - Скопје, 2008) — истакнат македонски писател и афористичар[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Перински е роден во 1950 година во селото Лазарополе. Од 1983 година почнува да објавува афоризми во Остен, Студенски збор, Вечер, на програмите на МРТВ. Неговите афоризми се преведувани и објавувани во словачки (гласило на словачките писатели „Литературен неделник“), српски („Јеж“) и бугарски („Стршел“) списанија за хумор и сатира. Во Габрово, Бугарија во 1997 година на 13-то интернационално биенале во куќата на хумор и сатира во уметноста го освојува 3-то место за книга. Неговите афоризми ги има и во „Антологија на балканскиот афоризам“ составена од македонскиот сатиричар Васил Толески, кој е прогласен за „Екселенција на сатирата“. Добитник е на првите награди на македонскиот фестивал за хумор и сатира „In Vinica Veritas“.

  • 1993 година прва награда во категорија Афоризми;
  • 1994 прва награда во категорија Епиграми;

Неговиот краток, но плоден период завршува во 2008 година во Скопје.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • 1994; „На бош“
  • 1996; „Човек на човека му е пратеник“ ISBN 9989978905 (заедно со Иван Карадак и Глигор Костовски)
  • „Просто мнозинство“ необјавена, која всушност, содржински се надоврзува на двете претходни книги

Зад себе има оставено и уште многу не објавени ракописи, афоризми, епиграми, сценарија за драми како и многу сатирични приказни кои тој ги нарекува „Врутоци“.

За оне кои го преспале комунизмот, капитализмот е кошмарен сон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vasil Tolevski (2007). Antologija makedonskog aforizma. Alma. ISBN 8679740055.