Бошко Буха

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бошко Буха (1926 - 1943) бил млад пртизан кој бил еден од најголемите симболи на Втората Светска војна во Југославија.

Буха е роден во славонското село Градина (близу Вировитица) во семејство на етнички срби. Во 1941, по окупацијата на Кралството Југославија од страна на Оската и создавањето на Независна Хрватска, неговото семејство станало мета на усташите и морало да пребегне во Србија.

Буха стигнал во територија под контрола на партизаните. Таму станал партизан, но бил одбиен заради возрастта (тогаш имал само 15 години). По неколку обиди, Буха успеал да се прикраде во партизанските редови и почнал активно да се бори. Во 1942 влегол во Втората пролетерска бригада на Југословенската народно-ослободителна армија.

Набргу Буха се специјализирал во прикрадување кон непријателските бункери кои ги уништувал со рачни гранати. Неговата смелост набргу станала прочуена и легендарна и неговата чета, која се состоела од многу младинци, добила прекар „Партизанска артилерија“. Подоцна, во 1942 г, Буха добил јавно признание од Тито.

Следната година, Бошко Буха загинал во заседа на неговиот камион од четниците. По војната е прогласен за Народен херој на Југославија.

Во Белград постои театар со неговото име. Во 1979, хрватскиот режисер Бранко Бауер режирал филм за неговиот живот.

Бошко Буха не треба да се меша со истоимениот моментален полициски функционер во Србија.