Бошавски манастир

Координати: 41°18′16.98″N 22°6′27.03″E / 41.3047167° СГШ; 22.1075083° ИГД / 41.3047167; 22.1075083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бошавски манастир
Поглед на манастирот
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Архангел Михаил“ - Долна Бошава
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наАрхангел Михаил
ЕпархијаПовардарска
ЦрквиЦрква „Св. Архангел Михаил“
Личности
Место
Местос. Долна Бошава, Општина Кавадарци Македонија Македонија
Координати41°18′16.98″N 22°6′27.03″E / 41.3047167° СГШ; 22.1075083° ИГД / 41.3047167; 22.1075083
Видливи остатоци1 црква, конаци, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Ваташка парохија)

Бошавскиот манастир (познат и како Бошавички манастир) — манастир во селото Долна Бошава, сместен по течението на реката Бошава, во срцето на истоимената етногеографска област. Манастирот има една црква - „Св. Архангел Михаил“.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирската црква и манастирските конаци биле подигнати во 1839 година. Овој податок се наоѓа над северниот влез во црквата од надворешната страна врежан врз камена плоча.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градба[уреди | уреди извор]

Манастирската црква е трокорабна со два реда колони што формираат три кораби. Во горните делови на јужниот и северниот ѕид се наоѓаат прозорците што ја осветлуваат внатрешноста на црквата. Сводовите се покриени со дрвени таваници, од кои страничните се пониски од средниот кораб. Постојат два влеза на црквата, еден од северната, а друг од западната страна. Манастирската црква има отворен трем откај западната и мал дел од северната страна.

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Живописот во црквата потекнува од 1880 година, за кој има натпис кој се наоѓа над истиот влез само од внатрешната страна. Во натписот се вели дека зографи биле браќата Коста, Никола и Вангел со синот Наки од Крушево, во годината 1880, месец јули.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]