Борџија
| House of Borgia | |||
|---|---|---|---|
|
|||
Борџија биле европска папска фамилија од италијанско и шпанско потекло. Името доаѓа од градот Борха, Сарагоса, кои бил феудален имот на фамилијата која била дел од арагонската аристократија. Фамилијата Борџија во текот на ренесансата стнале моќна и влијателна фамилија. Тие биле покровители на уметноста, а нивната поддршка им овозможила на многу уметници на ренесансата да го остварат својот потенцијал. Најбрилијантните личности на оваа ера редовно го посетувале нивниот двор.
Во периодот помеѓу 1400 и 1500 година, фамилијата Борџија дала двајца папи: Каликст III (1455-1458 година) и Александар VI (1492-1503 година). Денес фамилијата најмногу се памти по корупцијата за време на Александар VI. Тие се обвинети за многу различни кривични дела: прељуба, кражба, силување, поткуп, инцест, убиство (особено убиства со труења [1]) и слично. Поради нивниот стремеж за моќ, фамилијата Борџија стекнале моќни непријатели.
Извори [уреди]
- ↑ Arsenic: A Murderous History. Dartmouth Toxic Metals Research Program, 2009
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Борџија“ |