Борова пиларка
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Борова пиларка | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Оддел: | Членконоги |
| Класа: | Инсекти |
| Ред: | Symphyta |
| Фамилија: | Diprionidae |
| Род: | Diprion |
| Вид: | Diprion pini |
| Биномен назив | |
| Diprion pini (Карл фон Лине, 1758) |
|
| Распространетост на боровата пиларка | |
Боровата пиларка е вид од фамилијата Diprionidae. Тој е познат пред се како вид на опасни шумски штетници, бидејќи ларвите јадат борови иглички. Познато е дека тие се хранат претежно со обичниот бор (Pinus sylvestris), но исто така и со другите видови на борови (на пример, црниот бор Pinus nigra).
[уреди] Начин на живеење
Женките на овој инсект се долги 10-12 мм, мажјаците се нешто помали, но имаат големи пипала во форма на чешел. Со помош на нив ги чувствуваат ферохормоните кои женките ги произведуваат, па така ги наоѓаат. Обоени се со црна или темнокафеава боја, а женките на абдоменот имаат жолти риги. Имаат два пара кожести крилја, при што предниот пар крилја е поголем од задниот. Боровите пиларки се штетници на зимзелените стебла, најчесто на боровите. Женките снесуваат 60-120 белузлави или жолтеникави јајца во боровите иглички. Ларвите живеат во колонии и се хранат со борови иглички и често причинуваат големи штети во зимзелените шуми. Младите ларви ги јадат само рабовите на игличките, додека постарите се хранат со цели иглички. Мажјаците поминуваат низ пет, а женките низ шест стадиуми на ларва, по што се поткожуруваат. Летните кожурки се со светла, а зимските со темнокафеава боја. Од нив по преобразбата излегуваат возрасни бубачки.
